April 23, 2024, 12:06 pm

Житeлите на Волково и Ново Село останаа без улично осветлување..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на скопско Волково и Ново Село вчера вечер останаа без улично осветлување, што придонесе за целосен мрак во обете села. Пред само неколку месеци градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски ги најави и ги фалеше новите лед светилки кои што општината ги набавила. Сега по само неколку месеци, сведочиме на нова лага и несериозност од страна на општината и градоначалникот.

На социјалните мрежи вчера вечер беа објавени неколку објави од различни жители на селата, кои со фото докази велат дека на нивните улици е целосен мрак, односно нивните деца не можат ниту да излезат од дома, ниту пак да си дојдат доколку се враќаат во вечерните часови. Според нив, движењето низ неосветлените улици е ризик за нив и за најблиските, бидејќи често се случува низ селото да се движат чопори кучиња, кои што доколку не ги видите, знаат и да нападнат.

Жителите прашуваат дали е ова животот кој Наумоски го вети во Ѓорче Петров, бидејќи веќе неколку години манипулира со граѓаните и ги уверува дека Ѓорче Петров се развива и е една од најсредените општини во земјата. Жителите на овие две села велат дека се гневни на молкот на градоначалникот по вчерашните прозивки во врска со уличните светилки, бидејќи цела ноќ селата останале без осветлување.

Велат дека залудно ќе биде доаѓањето на нивните врати непосредно пред локалните избори, бидејќи за речиси четири години велат дека е направен само еден аматерски кружен тек, кој наместо да ги регулира возилата и сообраќајот, само придонесува за нов хаос бидејќио неговото поставување е далеку од професионално.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This