March 28, 2024, 11:14 am

ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ ИЗВОЈУВАА ПОБЕДА: Француската Влада го суспендираше најавеното поскапување на горивата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата во Франција се откажа од најавените мерки кои предизвикаа масовни протести и нереди кои изминатиот викенд ескалираа со насилство на улиците на Париз.

Премиерот на Франција, Едуард Филипе, соопшти дека Владата на оваа земја ја суспендираше одлуката за воведување дополнителен данок на горивото и зголемувањето на комуналните услуги.

Владата се откажа и од најавените мерки кои предизвикаа масовни протести и нереди кои изминатиот викенд ескалираа со насилство на улиците на Париз.

Премиерот Филипе рече дека најавените мерки се пролонгирани за шест месеци и дека нема да бидат имплементирани во јануари наредната година.
„Ниту еден данок не е толку важен за со него да се загрозува единството на нацијата“, рече Филипе.

Повеќе од стотина луѓе се повредени и повеќе од 400 лица се уапсени во текот на саботните нереди во центарот на Париз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This