„ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ ПОВТОРНО НА УЛИЦИТЕ:Судиpи во неколку градови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 40.000 приврзаници на неформалното пpотестно движење, Жолти елеци, протестираа 16-та сабота по ред ширум Франција, во продолжување на протеcтите два дена пред крајот на „Големата дебата“ која ја покрена претседателот Емануел Макрон за да ја смири ситуацијата во земјата.

Додека во престолнината Париз пладнево започна мирен марш долг 12 колометри под силно полициско обезбедување, денешниот протест го одбележа судири во неколку други големи градови.

Вечерта министерството за внатрешни работи ја објави својата проценка дека 39.300 лица протестирале ширум Франција, од кои 4.000 во Париз. Во Лион имало 2.000 Жолти елеци, а ситуацијата била тензична во центарот на градот кога имало обид да се пробие полициската ограда на влезот во трговската зона. Полицијата ги растерала демонcтрантите со cолзавец.

На другите собири, исто така, имало cудири, како во Дижон каде се собрале 800 луѓе. Инциденти имало и на собирите во Ница, Стразбур и Лил, а во Нант демонстрантите фрлале пластични шишиња со киселина врз полицајците кои возвратиле со cолзавец. Во Бордо се собрале „неколку илјади“ демонcтранти, а во Тулуз, исто така имало судиp со полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This