Жоро станува министер, а Зеќири директор?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијалните информации на Инфомакс, говорат дека двајца добро познати новинарски фигури добиваат клучни позиции во новата Владата на Зоран Заев. Според нашите информации поранешниот новинар, но и потпретседател на СДСМ и досегашен пратеник, Мухамед Зеќири седнува во директорската фотеља во Фондот за здравствено осигурување, додека поранешниот новинар на Фокус, Зоран Димитровски попознат под прекарот Жоро заменик министер за внатрешни работи.

Во телефонски разговор за Инфомакс, Димитровски ниту потврди ниту ја демантираше неговата улога во новата Влада.

-Се додека не се официјални не можам ниту да потврдам ниту да демантирам додека не влезат во собраниска процедура, изјави тој.

За Инфомакс кратка изјава даде и Зеќири кој ни посочи дека се уште внатре во партијата немаат разговарано за распределба на директорските места.

-До овој момент се уште внатре во партијата немаме разговарано за распределба на директорските места, истакна пратеникот.

Доколку се остварат нашите информации Зеќири седнува на навистина жешко столче со оглед на фактот кој тоа беше негов претходник изминатите три години, но и здравствената состојба во државата поради пандемијата на коронавирусот.

Имено претходно со фондот раководеше Ден Дончев име кое тесно се поврзуваше со случајот Рекет 2, македонската компанија Дијамед и шведската компанија Дијаверум, поточно барање рекет од македонската бизнисменка Вера Иванова за да се овозможи продажба на нејзината компанија на странски инвеститор.

Ден Дончев до ден денес е единствениот македонски политичар кој што беше снимен јавно како зема пари. Сепак неговиот случај се уште нема разрешница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This