Жугиќ: Нехуманиот однос на Шилегов кон вработените во установи под Град Скопје е израз на неспособност во справувањето со кризата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашите информации говорат дека во јавните културни установи кои се под надлежност на Град Скопје, не се почитуваат препораките за заштита на здравјето и безбедноста на вработените. Имено, имаме информации дека вработените во овие културни установи немаат добиено опрема за лична заштитна, протоколи за работа или било какво упатство за работа за време на вонредната состојба и пандемијата со Ковид-19, реагира Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

-Воедно почитувани, загрижувачки е и односот на некои претпоставени во некои од културните институции. Тие без да издадат решение за доискористување на годишниот одмор за 2019-та година, само со усно известување ги информираат вработените дека немаат право на годишен одмор и дека истиот им се смета како искористен во изминатиот период, без разлика што во истиот тој период, дел од вработените оделе на работа. Произволниот, дискриминирачки и непрофесионален однос на одговорните лица кон вработените, мора да запре, а законот за работни односи мора да се почитува. Во спротивно, ќе следат претставки, пријави и тужби до надлежните за непочитување на достоинството, безбедноста и здравјето, како и правата од работен однос на вработените во јавните културни установи под надлежност на Градот Скопје. Нехуманиот однос на Град Скопје под раководство на Шилегов кон вработените во овие установи е израз на неспособност во справувањето со кризата и вонредната состојба во која се наоѓаме, посочи таа.

Жугиќ упати апел веднаш надлежните да ги преземат сите препорачани протоколи и мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This