April 23, 2024, 12:53 pm

ЖУТИТЕ ГИ „ПОЈАЧАА“ И НА БИХАЌКА: Автопатот Кичево – Охрид ќе чини неверојатни 10 милиони евра по километар, откако власта склучи нов анекс договор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автопатот Кичево – Охрид ќе чини дополнтелни 187 милиони евра, откако владата на Зоран Заев го „ревидираше“ и заклучи дека проектот немал никакви маани за какви што предупредуваше за време на предизборната кампања


Немањето на маани на автопатот сепак ја зголеми цената на изградба, за дополнителни 187 милиони евра, па сега проектот ќе чини вкупно 600 милиони евра.

Пресметано по километар, тоа би значело околу 10 милиони и 500 илјади евра. По километар!

Владата го подготви 3от анекс договор, чија вредност е 187 милиони евра, кои исто така треба да се обезбедат преку кредит од кинеската Ексим банка. За Владата овој износ не е поразителен бидејќи велат – „Спасивме 95 милиони евра, со претходниот договор автопатот можеше да чини многу повеќе“.

-Свесни сме дека дел од граѓаните ќе негодуваат дека повторното задолжување на државата за доизградба на автопатот, но не постои друго рационално решение. Штетите се направени од претходната Влада, а ние моравме да преговараме со врзани раце. Некој претходно тргнал да гради без да предвиди клучки и пристапни патишта. Некој претходно тргнал да гради без соодветна заштита за да не дај боже утре да не може цела планина да се свлече на делницата, вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Вкупната должина на автопатот е 57 километри и треба да биде готов во 2021 година. Започна да се гради во 2014тата година, а првичната проценка беше дека ќе чини 411 милиони евра.

Јавноста пак, се прашува дели позади овој нов анекс на договорот, се крие и рекетот на СДСМ кон кинеската градежна фирма, за кој се шпекулираше и претходно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This