April 25, 2024, 10:02 am

Жaлнa вест – Снимателот на МРТ Шенол Ахмети ја зaгyби биткaтa со Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио телевизија, Шенол Ахмети, вчеравечер ја загуби битката со ковид-19. Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети имаше 51 година, а неговите колега велат дека претходно немал сериозни здравствени проблеми. На социјалните мрежи пријателите се збогуваат од човекот кој својата кариера ја посвети на МРТВ, каде што работеше повеќе од 20 години.

Вечева и ние изгубивме еден колега, еден член од нашето семејство, велат од МРТ.

Пред точно еден месец, 44-годишниот Беким Бајрамоски, вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа почина од Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This