April 19, 2024, 11:26 am

Жecтоkа реакција на наредбата на Макрон: Здравствените работници остро се спротивcтaвија на задолжителната вakцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработена во дом за стари лица и изнемоштени лица во Франција, Сандра Барона, толку жестоко се спротивставува на вакцинирањето против Ковид-19, што рече дека размислува за отказ откако францускиот претседател Емануел Макрон нареди задолжителна вакцинација за сите здравствени работници.

Барона, која се грижи за постарите жители на домот кој се наоѓа југозападно од Париз, верува дека вакцините се создадени за премногу брз период и затоа нема многу доверба во нивната безбедност.

„Ние ги имаме нашите права во Франција. Живееме во земја што верува во слобода и еднаквост”, рече таа, повикувајќи се на два фундаментални принципи на Француската Република.

Францускиот претседател смета дека високата стапка на вакцинација е единствениот начин за нормален живот. Тој рече дека вакцинацијата е прашање на индивидуална одговорност, но исто така и на колективна слобода.

Со оглед на зголемениот удел на делтата варијанта и наглото опаѓање на интересот за вакцинација, Макрон рече дека е потребно сите вработени во здравствениот систем да бидат вакцинирани. Од септември, на оние здравствени работници кои не сакаат да се вакцинираат ќе им биде забрането да работат и ќе бидат суспендирани од примање на платите, пишува Ројтерс.

„Подобро да се откажам и да изберам друга професија отколку да се вакцинирам“, рече 45-годишната Барона, но додаде дека може да се вакцинира ако тоа стане единствениот начин да го посети своето семејство, кое живее во странство.

Само 45% од вработените во француските домови за стари лица и установите за долготрајна грижа примиле две дози вакцина, според Францускиот институт за јавно здравје. Експертите задолжени за програмата за вакцинација во март изјавија дека околу половина од здравствените работници во домовите за стари лица не сакаат да се вакцинираат.

Медицинската сестра Мартине Мартин изјави дека досега не била вакцинирана затоа што имала лоши реакции на други вакцини, како што е онаа против грип, поради здравствени проблеми. Но, таа рече дека сега ќе биде вакцинирана поради заканата да остане без работа.

„Тие ме присилуваат да го сторам тоа, а јас би можела да имам сериозни здравствени последици. Државата не се грижи“, рече Мартин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This