March 29, 2024, 10:43 am

ЗАБЕГАНИ СТЕ ВИЕ, ДАМИ И ГОСПОДА: „Шарениот“ Огнен Јаневски со остри критики до ДУИ и СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителот Огнен Јаневски упати жестоки критики кон власта на СДСМ и ДУИ за начинот на кој го донесе Законот за употреба на јазиците и тоа што се дозволи овој потег да биде основа за нови поделби и тензии во општеството.

„Забегани сте вие – дами и господа, од Собранието и од Владата на Република Македонија! Народов ни се „закла” деновиве, вие денеска си носите измени во Законот за пушење, за којшто имавте сериозни критики и коментари. Впрочем, исто како и за Законот за јазиците.

Вака како што сте тргнале со непослушност кон граѓаните, со терањето инает и со жмровско силувачко однесување во однос на законодавноста во Македонија, нема далеку да стигнете, а за (со)животот тука, пак, ич!!!!

„Се проблематизира препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ!” !!!

ДПМНЕ го корнеше поставениот асфалт кон ЕУ и НАТО, вие со Законот за јазици од вчера, но и со уназадувањето на Законот за пушење од денеска, и чакалот го растргувате, а сте партија која во изминатата нецела година токму на тој пат се посветивте повеќе, отколку на калдрмиве внатре во државата!

ДУИ како тенеќе-партија е истоветно зло со ДПМНЕ!

ДУИ ги разгорува и постојано на жежок пламен ги одржува меѓуетничките тензии во државава, сегрерирајќи ги граѓаните по етничка, религиска и културолошка основа!

Натемаго-то на Груевски – ДУИ, си го зедовте да си биде и ваше! А видовте какви тикви садеа претходно! Начинот на којшто водите љубов е погубна за граѓаните и за државата!

Мојата критика е особено насочена кон ДУИ како партија! ДУИ не е ексклузивен и генерален одраз на Албанците во државава. ДУИ е мафијашка структура која успева да држи монопол со малцинските гласови во државава и на тој начин е уценувач на сите нас во оваа држава за своите ситно-политички интереси и националистички погледи, врз коишто извлекува поени, колку за да се одржува во живот и притоа да не биде предмет на истражувања, судски процеси и законски прогони!

Албанците и дел од останатите малцинства во РМ носат најмногу одговорност кога станува збор за одржувањето на ДУИ во живот! Како што сите заедно се решивме од режимот на Груевски и ДПМНЕ, така треба да се покрене и решавање на сите со ДУИ.

Вака – оваа држава нема да ја биде! Зашто силеџиството и силувачкиот пристап на ДУИ, кој е дел одлика и на ДПМНЕ, се пресликува и во СДСМ, а со тоа ни се проблематизираат сите наши надежи за да станеме дел од меѓународните организации и конечно да живееме некаков живот, каков-таков, а сепак подобар од овој кој ни е закочен некаде пред години, на исто нивo, ако не и полошо, напиша Јаневски на социјалните мрежи.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This