ЗАБОРАВЕТЕ НА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА: Туск и порача на Тереза Меј да заборави на слободна трговија по Брегзит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската унија, Доналд Туск, го предупреди Обединетото Кралство дека не може да очекува слободна трговија надвор од единствениот пазар на ЕУ, намалувајќи ги очекувањата на премиерката Тереза Меј ден пред таа да го одржи главниот говор за нејзината визија за односите по Брегзит.

“Фрикцијата е неизбежен и несакан ефект на Брегзит”, изјави Туск за присутните бизнис лидерите во Брисел во четвртокот, непосредно пред да замине за Лондон за да се сретне со Меј во Даунинг Стрит. Ова е најновото низата настани оваа недела, кои му претходат на постигнувањето на договор за Брегзит.

Со помалку од еден месец до клучниот самит кога Меј сака да постигне договор за транзициски период и да почне да разговара за идната трговија, изјавата на Туск е уште еден знак дека ЕУ нема да ги компромитира своите главни принципи. Владата на Обединетото Кралство соопшти дека сака колку што е можно малку фрикци во пост-Брегзит трговски однос со ЕУ, но ЕУ вели дека не може да ги ужива истите бенефиции како да е сеуште членка.

Нацртот на конечниот договор со Брегзит, објавен од преговарачот на ЕУ, Мишел Барние во средата ја налути владата на Обединетото Кралство, при што Меј истакна дека можноста Северна Ирска да остане во царинската унија на ЕУ и дел од единствениот пазар на ЕУ се неприфатливи.

“Досега, никој немаше подобра понуда од ова”, за да се спречи појавата на гранични премини помеѓу двете Ирски, рече Туск, додавајќи дека ќе побара од еај да излезе со својата алтернатива за време на нивниот состанок.

На крајот на краиштата, односите на Велика Британија со ЕУ ќе бидат утврдени со “црвените линии” на владата, рече тој, повторувајќи дека со тоа што Британија ја отфрла слобода на движење и надзор од страна на Европскиот суд на правдата, не може да се очекуваат блиски врски .

“Ние ги признаваме овие црвени линии без ентузијазам и незадоволни, но ние мора да ги третираме сериозно, вклучувајќи ги и сите можни последици”, рече Туск, кој ги подготвува упатствата за преговори за односите помеѓу унијата и Британија по Брегзит кои ќе бидат претставени следната недела. “Секој мора да биде свесен дека црвените линии на О.К. исто така ќе ја обликуваат таа наша идна врска”, рече тој, тој инсинуираше договор за слободна трговија сличен на договорот на ЕУ со Канада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This