ЗАБРАНА ЗА ИГРАЊЕ НАТПРЕВАРИ ВО ГРАДСКИ ПАРК: Храмот на кошарката не ги исполнува стандардите за одигрување натпревари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската кошаркарска федерација денеска соопшти дека не дозволува да се играат натпревари од плеј-офот и плеј-аутот во салите „Градски парк“ и „СРЦ Кале – малата сала“ во Скопје.

По инспекцијата, МКФ констатирала дека овие две сали не ги исполнуваат стандардите за одигрување на натпревари од Прва лига мажи, Супер-лига, плеј-аут и плеј-офот.

Клубовите кои ги имаа пријавено наведените сали за одигрување на натпревари, во дадениот рок не ги испочитуваа насоките од МКФ за санација и мерки за создавање потребни услови за одигрување на натпревари, поради што во спортските сали не се дозволува одигрување на кошаркарски натпревари од Прва лига мажи, Супер-лига, плеј аут и плеј оф. Клубовите ќе мора да пријават друга сала која ги исполнува стандардите за одигрување на натпревари од погоре наведените лиги,стои во соопштението на МКФ.

Во појаснувањето на оваа одлука се потсетува дека Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација одржан на ден 2 октомври 2018 година, како и инспекцијата направена на 26 јуни 2018 и потоа со конечна проверка на 3 април 2019 година, во спортските сали пријавени за одигрување на натпревари од прва лига мажи се констатирани несоодветните услови во наведените сали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This