ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ НА МЕСО: Во Македонија се продавало неквалитетно месо – Бразилски компании добија забрана за извоз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

20 компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија. Контролите на Европската Унија утврдиле неправилности. На ваква можност надлежните институции уште пред неколку недели ги предупредиле стопанските комори за фирмите да внимаваат со кого склучуваат договори.

Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение информира дека во соработка со дипломатското преставништво на земјава во Бразил ја извести Стопанската комора на Македонија, со цел да се информираат фирмите кои увезуваат пилешко и говедско месо од Бразил за можноста од појава на внесување на небезбедно месо.

Од страна на Агенцијата преземени се соодветни превентивни мерки и засилни контролни активности на граничните премини на сите видови на пратки кои потекнуваат од Бразил. Од сите пратки, без исклучок земени се мостри за лабораториски анализи за утврдување на безбедноста на пратката. Пратките се одобруваат за увоз по добивање на задоволителни лабораториски наоди, што гарантира дека се безбедни за употреба. Агецијата ќе продолжи со засилени контроли во наредниот период.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This