April 20, 2024, 12:46 pm

ЗАБРАНА ЗА ПИЕЊЕ НА ВОДАТА ВО ОХРИД: Опасни бактерии во Билјанини Извори – водата забранета за пиење!

Поврзано

- Advertisement -
Водата од Билјанини Извори е забранета за пиење, наодите од редовната котрола покажале дека во водата има присуство на бактерии кои предизвикуваат опасни последици по здравјето на луѓето.
Последната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на Билјанините Извори покажа дека водата содржи патогени бактерии од типот на ешерихија коли и согласно правилникот за безбедност на вода, истата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење – укажуваат од Центарот за јавно здравје.
Од таму очекуваат надлежните инспекциски служби да постават табла со натпис кој ќе ги предупредува граѓаните да не пијат од водата. Проблемот со загадувањето на изворската вода од Билјанини е актуелен со децении. Просторот од каде што доаѓа водата на Билјанини Извори е оптоварен и со објекти и со септички јами кои порано функционирале, но порозноста  на тлото, померувањето на тлото, конфигурацијата на теренот си го прави своето.
Дополнително загрижува и фактот што водата од Билјанини Извори се влева во Охридското Езеро и го загадува, нарушувајќи го водниот екосистем.
По поројните дождови од Центарот за јавно здравје извршиле анализа и на квалитетот на езерската вода од македонска страна. Резултатите покажале дека има одредено загадување.
Водата е неисправна за пиење и во голем дел од охридско-струшките селски средини кои ги менаџираат месните заедници. Инаку последните анализи на водата од гратскиот водовод во Струга која со денови беше матна и забранета за пиење, сега е исправна и може да се пие.
- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This