March 28, 2024, 12:20 pm

ЗАБРАНЕТИТЕ ГРАДОВИ ВО РУСИЈА: Овие градови не постоеле на мапата-тука живеат научници, генерали, специјалци и агенти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Русија постојат 45 затворени градви во кои живеат, работат, се образуваат и се растат деца на повеќе од 1.300.000 љуѓе. Овие градови не постојат на географиските карти во времето на Советскиот сојуз. Однадвор и одвнатре строго ги чува војска. За да им дојде некој на гости, возможно е само преку специјална дозвола. Жителите се занимаваат со научни или производни работи поврзани за некоја опасна или безбедносно чувствителна технологија. Ви претставуваме шест такви населби

gradovi_rusija

 

Мирни

Локација: Архангелска Област
Функција: Космодром
Причина за посебниот статус: Градот е административен и стамбен центар на космодромот „Плесецк“

Градот Мирни се наоѓа на местото каде што во времето на царска Русија поминувал таканаречениот „царев пат“ кон Белото море. Според легендата, Михаило Ломоносов, основачот на славниот московски универзитет, токму на тој пат поминувал во 1730 година во Москва, пратејќи кола со товар. Сега нема никакви обележја, сите главни споменици на Мирни се врзани со освојувањето на космосот. Првиот државен космодром „Плесецк“ долго бил светски лидер по бројот на лансирање на вселенски бродови. Гордиот град на својот грб има вселенски брод и поларната светлина, која зборува за неговата позиција на далечниот Север.

Мирни е полн со монументи и обелисци. Во чест на лансирањето на првиот советски навигациски вселенски брод подигнат е обелсиск „Космос-1000“, а во 1989 година, во орбита влезе и „Космос-2000“, па и тоа случување е обележано со споменик, кој поради сличноста со популарниот облик од страна на жителите е наречен „вонземјанин“.

Саров

Претходна измена: Шатки-1, Москва-300, Кремљов, Арзамас-75, Арзамас-16
Локација: Нижегородска Област
Функција: Производство на атомски бомбиПроизводња атомских бомби
Причина за посебниот статус: На територија на градот се наоѓа Рускиот федерален нуклеарен центар – Серуски научно-истражувачки институт за експериментална физика

Саров е необичен град. Од една страна, во него се прават атомски бомби, а од друга е познат по православниот монумент – Саровскиот Манастир. Во овој манастир, во кој типикот е особено строг, во 1778.година искушеник станал славниот преподобен Серафим Саровски. Двете обележја на градот се претставени и на грбот на градот.

Под Саровскот манастир постои вистински подземен град во кој се повлекуваат научниците но и испосниците во потрага по мир и тишина. Велат дека некогаш во подземјето постоело и езеро во кое можело да се плови со чамец.

Во Нуклеарниот центар постои Музеј на атомско оружје, единствен од оваа врста во светот. Неговиот главен експонат е славната „Цар бомба“. Детонацијата на оваа термонуклеарна направа ов 1961.година на арктичкиот арихпелаг „Нова земја“ била најголема експлозија во историјата (10 пати поголема од вкупната снага на сите експлозивни средства употребени во текот на Втората светска војна во целиот свет) и еден од клучните случувања на Студената војна. Секако, поголемиот дел од експонатите во музејот се копии.

Во Нуклеарениот центар во Саров денес работат повеќе од 18.000 експерти: физичари и математичари, инженери и програмери кои се бават со одржувањето на нуклеарниот арсенал на Русија и неговата безбедност.

 

 

Озерск

Претходни имиња: Чељабинск-40, Чељабинск-65
Локација: Јужен Урал
Функција: Радиоактивни изотопи
Причина за посебниот статус: На територијата на градот се наоѓа Федералното државно унитарно претпријатие „Производна организација Мајак“, каде се произведуваат радиоактивни изотопи и се преработува употребеното нуклеарно гориво

Претпријатието „Мајак“ одигра клучна улога во првите фази на советската нуклеарна програма од 1940-те. Експертите од првата гарнитура работници „Комбинат бр.817“ (така претходно се нарекувал „Мајак“) се избрани по пат на најстрога селекција. По доаѓањето на тајниот објект во текот на неколку години не им било дозволено ниту да се допишуваат со најблиските.

Необичниот грб на овој град содржи стилизиран приказ на нуклеарен реактор од кого истекува енергија, претставена со гуштер (симбол на Урал) со огнена опашка.

Животот во затворенот град, жителите на Озерск не го сфаќаат како ограничување туку како привилегија. Затоа во нивниот однос кон новодојденците може да се забележи извесна доза на несигурност.

Модерниот „Мајак“ го рециклира употребеното нуклеаро гориво од Русија и многу други земји и произведува голем број на ретки и важни радиоактивни изотопи кои преку 40 земји ги купуваат за медицинска употреба.

 

Знаменск

Претходно име: Капустин Јар-1
Локација: Астрахањска Област
Функција: Балистички ракете
Причина за посебниот статус: Градот е административен и стамбен центар на воениот полигон „Капустин Јар“

Воениот полигон „Капутсин Јар“ е изграден во 1946 година, а бил наменет за тестирање на првите советски балистички ракети со боеви глави. Мирољубивот назив (во превод „Дол на зелките“) е добиен по истоименото село. Од 1962. полигонот ја обавува и фунцкијата на мини космодром за истражувачки сателити и лесни ракетни носачи.
Прв началник на полигонот бил генерал-мајор Василиј Возњук кој стапил на служба во 1946. и до денес ужива почит од жителите, а во канцелариите може да се видат неговите портрети. Покрај локалниот музеј на космонаутка, изложени се и примероци на воена техника, ракетни системи и радари.<

Североморск

Локација: Мурманска Област
Функција: Морска воена база
Причина за посебниот статус: Морска база на Северната флота

Североморск, некогаш населба Ваенга, е сместен на брегот на Колскиот залив во Баренцовото море. Првобитно во тие краеви живееле Саамите и Поморците, а подоцна во 20.век се доселени и Финци и Руси. Изградбата на воената база за воената морнарица е започната во средината на 30-те години на минатиот век, а статусот на затворен град Североморск го добива по распадот на СССР во 1996 година.

Североморск се наоѓа над поларниот круг, што значи дека преку зима се спушта поларна ноќ која трае од почетокот на декември до средина на јануари. Вистинските арктички мразови тука се ретки, но поради ледениот ветар и високата влажност во воздухот, тешко е привикнувањето на климата.

Гордост на Североморск и Северната флота, најсилната воена флота, сега е тешката нуклеарна ракетна крстарица „Петар Велики“ и носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“.

 

 

Власиха

Претходно име Одинцово-10
Локација: Московска Област
Функција: Нуклеарни единици
Причина за посебниот статус:  Во населбата е сместен штабот на Стратешките ракетни единици и централниот команден пункт на копнените стратешки нуклеарни единици на Руската Федерација

Долго селото Костино било мало, обично подрачје во близина на Москва. Меѓутоа, во 1932 година тука е подигнат главниот комплекс на Вакцино-серумскиот институт на Работичко-селската Црвена армија. Потоа во Втората светкса војна на подрачјето на Власиха се организирани високи воено-политички курсеви. Октомври 1941 година во Власиха е стациониран штабот на Западниот фронт, откаде славниот Герогиј Жуков раководел со одбраната на Москва.

По војната тука се наоѓал и Штабот на стратешката авијација. Годината 1960. воената населба во потполност е ставена на располагање на ракетните стратешки единици. Денес оттука се управува со нуклеарните единици на Русија.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This