April 25, 2024, 12:43 pm

ЗАБРЗАНО ЈА ГУБИМЕ ДРЖАВАТА: Заев смени историја, прифати двојазичност и менува име на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судовите, обвинителства, како и сите институции ќе бидат обврзани да овозможат користење и примена на албанскиот јазик. Униформите на специјалните единици на полицијата, пожарната и здравствените работници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението ќе бидат двојазични.

Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ со силни удари врз македонскиот народ и Република Македонија.

Без никаква грижа за националните интереси, Заев си спроведува штетни политики погазувајќи ги македонските граѓани.

Додека премиерот “при очи ги прави слепи“ граѓаните и молчи додека ја распродава државата, медијаторот Нимиц беше директен и искрен откривајќи ни дека нема да се смени само името, туку се преговара за многу повеќе од тоа.

Освен прашањето за името има и други “помошни“ прашања кои се тема на разговор на средбите со македонските власти, вели долгодишниот медијатор Метју Нимиц за грчката национална телевизија.

– Има и други помошни прашања покрај прашањето за името, како неговата употреба, прашањето за идентитетот, нешто што е причина за сериозна загриженост од страна на северниот сосед и сите треба да сме исклучително чувствителни за тоа. Има загриженост и во Грција, за прашања од историјата, за сопственоста врз историското наследство, за учебниците. Овие дополнителни прашања кои ги знаеме, се важни, но јас мислам дека има решенија за нив, вели Нимиц.

Иако Заев ја убедува целокупната македонска јавност дека идентитот не е тема на разговор, сепак ратификувањето на договорот со Бугарија каде и се откажавме од нашата историја во корист на Бугарија, како и од македонското малцинство кое живее на територијата на Бугарија, не дава оптимизам дека идентитетот не е дел од овие преговори.

Исто она што е интересно во оваа изјава е и можното менување на историјата и учебниците во корист на Грција. Постапките што планира да ги направи владата на Заев се речиси исти како со Бугарија. Промена и прифаќање на речиси сите услови што се поставени од другата страна се со цел за конечно срамно обезличување на Македонија и македонскиот народ.

Условот кој Ахмети му го поставил на Заев за да станат коалициони партнери се исполнува на очиглед на целата македонска јавност. Двојазичноста, согласни се експертите, нема да донесе ништо добро за Македонија. Таа е единствено добра за со неа премиерот да им се додворува на албанските партии без кои никогаш немаше да формира Влада.

Двојазични униформи на полицајците, пожарникарите, лекарите и медицинските сестри како и двојазични судски процеси. Ова станува законска обврска. Ќе се интервенира и на македонскиот денар – и книжните и кованите пари ќе добијат албански симболи, анализира ТВ Алфа.Судовите, обвинителства, како и сите институции ќе бидат обврзани да овозможат користење и примена на албанскиот јазик. Униформите на специјалните единици на полицијата, пожарната и здравствените работници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението ќе бидат двојазични.

Законот за употреба на јазиците кој беше изгласан, предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Предвидено е и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.

Ќе се менуваат и денарите – и книжните и кованите, како и поштенските марки. Законот предвидува тие да содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо односно албанскиот, анализираше Алфа.

И додека коалициските партнери Заев и Ахмети во тајност ги држеа условите за коалиција, Бујар Османи во интервју на ТВ 24, потврди се што сега беше изгласано со Законот за употреба на јазиците.

-Изедначувањето на албанскиот со македонскиот јазик ќе значи и промена на Уставот, а за тоа постојано предупредуваше и професорската фела. Социјалдемократите за цело време стоеја на ставот дека Уставот не се прекршува и покрај тоа што по откривањето на деталите за Тиранската платформа и условите за коалицирање, огромен број граѓани со месеци ги полнеа улиците низ Македонија во знак на револт. Сегашниот премиер, тогаш во опозиција и пред албанската дијаспора пред две години отворено говореше за еднаквоста при употреба на јазиците. Обраќајки им се на гласачите Албанци Заев не ја исклучи намерата да се менува и Уставот. За да не биде воведена двојазичност гаранција побара и претседателот Иванов. По долги натегања мандатарот Заев ја донесе истата и се обврза дека ќе ја почитува, но тоа не се случи. Првиот човек на СДСМ досега веќе неколкупати јавно говореше за воведувањето на двојазичноста, па беа отворени и двојазични партиски штабови, а соопштенијата од партијата се испраќаа и на македонски и на албански, објавува Алфа.

Законот за јазиците кој покрена бура од реакции во јавноста и беше носечкиот столб во Тиранската платформа како и услов за коалицирање во новата Влада.

По 26 години од донесувањето на првиот Устав на Македонија, повторно се отвора пандорината кутија со употребата на јазиците во земјава. Иако при создавањето јасно било утврдено дека македонскиот е службен јазик во Република Македонија, по повеќе од две децении повторно се актуелизира ова прашање, па со изгласувањето на законот и албанскиот станува официјален јазик.Инаетењето на предлагачите на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија. Одлуката на Владата да не го повлече законот и да не отвори конструктивна расправа околу законот може да предизвика долгорочни последици по државата и да ја наруши кохезивноста меѓу граѓаните, истакна Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на страна на граѓаните и Република Македонија и затоа ќе стори се во одбрана на државните и национални интереси.

-Затоа ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе сторат се што е во наша моќ за да се спречи ваквата деструктивна политика. Пратеничката група ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го превенира донесувањето на неуставниот закон. Преку нашето присуство во парламентот ќе се обидеме уште еднаш да ги убедиме пратениците од парламентарното мнозинство во ризикот од последиците на носење на овој закон, кој не само што излегува надвор од рамките на Уставот и охридскиот договор, туку ги става во подредена позиција на Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и припадниците на сите останати етнички заедници во Република Македонија. Законот има бројни пропусти и затоа е несфатливо неконструктивното однесување на СДСМ и одбивањето на предлозите да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Републиката и од МАНУ. Сигурни сме дека ваквата дебата ќе придонесеше за подигнување на довербата и демократската атмосфера кои ќе резултираа со отстранување на неуставните елементи на овој закон за јазици, рече вчера Јанчев.

Потпретседателот на партијата додава дека сосема непотребно двојазичноста се спроведува на целата територија на Република Македонија. Тоа единствено носи товар за буџетот, а не во корист за граѓаните. Со овој закон целосно се деградира употребата на македонскиот јазик.

-Токму од тие причини ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во Собраниската расправа и да предложи суштински амандмани за подобрување на законот и отстранување на штетните и неуставни делови. Сметаме дека власта не смее на сила да го изведе повторното гласање и мора да го слушне гласот на јавноста. Власта ја занемари и експертската фела која е во се погласна и ги нотира неуставните точки на законот. Граѓаните имаат потреба од реални мерки и проекти, кои ќе го унапредат живот и ќе влијаат на економски и технолошкиот развој. Но во никој случај не ни требаат закони кои носат подвојување. Бидејќи од тоа корист нема никој во Република Македонија, вели Јанчев.Грчкиот премиер Алексис Ципрас кажа дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот и дека решението за името треба да важи ерга омнес по вчерашната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос. Заев, на заедничката прес-конференција, најави дека Владата ќе го промени името (Александар Велики) на аеродромот и автопатот.

-Автопатот ќе се вика „Пријателство“, откри Заев.

„Ние сме нова генерација прогресивни премиери. Знам дека денеска многу луѓе нè гледаат. Некои со скептицизам, други со оптимизам. Сакаме да ги решиме прашањата прагматично и одговорно. Го кажувам ова бидејќи само не што сакаме да го решиме спорот со името, туку и билатералните односи да ги поставиме на основа на заемна доверба. Да се справиме со сите форми на иредентизам, да не оставиме дупки за да се осигураме дека нема да се појават слични предизвици во иднина. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашање за да можат да продолжат напред евротатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерга омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот. Паралелно се согласивме дека треба да продолжат мерките за градење доверба“, кажа Ципрас.

Заев изјави:

„Двете земји се на вистинскиот пат да постигнат добрососедски односи кои ќе придонесат за стабилноста и економскиот просперитет на балканскиот регион. Мнозинството граѓани во двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи. Сакаме да станеме еднакви партнери во ЕУ и НАТО. Покажавме во минатото дека можеме да работиме заедно за меѓусебен интерес. Ние како премиери имаме политичка визија и одговорност да работиме на надминување на долгогодишниот спор. Редно време е да се најде решение бидејќи тоа е клучно за нашите евроатлантски перспективи. Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Решението мора да биде во заштита на националниот дигнитет и идентитет на нашите народи. За да покажеме дека сме посветени на наоѓање решение, Владата ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“. Ова сведочи за фактот дека немаме никакви територијални претензии кон нашиот сосед. Остануваме посветени на преговарачкиот процес предводен од медијаторот на ОН Метју Нимиц. Ќе го кренеме нивото на преговори на министри за надворешни работи со нивните тимови. Ова ќе дозволи поголема динамика и суштина“.Во предлогот од медијаторот Метју Нимиц во спорот за името со Грција се дефинирани три фази на употреба и имплементација на финалното решение кое би го постигнале Македонија и Грција. Според дипломатски извори до кои дојде Сител, се вели дека имплементацијата би одела во три фази. Крајна фаза е промена на Уставот и сите лични документи на граѓаните.

Во првата фаза новото име за кое што би се постигнала согласност би важело како замена на референцата ФИРОМ, онаму каде што ФИРОМ се користи во моментов. Во втората фаза, односно по членството на земјата во НАТО, Македонија би била должна да ги извести сите земји кои што ја признале под уставното име дека тоа е новото име кое што е договорено помеѓу двете земји, односно новото име би влегло во употреба буквално во сите мегународни релации на Република Македонија. Во третата фаза како што велат брифинзите името би требало да влезе и во Уставот, односно да биде и за внатрешна употреба и тогаш целосно би се имплементирало на барање на Грција за употреба erga omnes.

Според дипломатски извори на маса се пет решенија. Се работи за Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Нова Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје). Нимиц е оптимист дека од овие пет решенија двете страни ќе можат да пронајдат заеднички прифатливо решение. Предлог имињата се испишани на македонски јазик, односно се со македонска транскрипција. Јазикот и националната припадност исто така се испишани на македонски јазик, со македонска транскрипција без превод на англиски јазик.ВМРО-ДПМНЕ во моментов е надвор од процесот за решавање на спорот со името бидејќи никој не го поканил да биде дел од процесот, ниту има каква било информација што се случува официјално, ниту неофицијално, ова на почетокот од месецов го потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во отвореното студио на МТВ.

-Она што ВМРО-ДПМЕ го добива како информација од процесот е од конференции, натписи по медиумите, полувистини, а можеби и вистини и не знаеме како да ги квалификуваме бидејќи немаме реални суштински информации и не сме дел од тој процес, вели Мицкоски.

Тој вели дека годинава започнала бурно и има доста разговори помеѓу Заев и Ципрас и информации за неформални вечери во Солун, но сето тоа е она што тие го дознаваат од медиумите и затоа не може да говори за овој процес.

-ВМРО-ДПМНЕ не учествува во тој процес бидејќи претпоставувам од страна на Владата на СДСМ е одбрана оваа методологија на начин на преговарање. ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот и промена на уставното име Република Македонија, а тоа е и мој став како Христијан Мицкоски како и ВМРО-ДПМНЕ кое е против промена на идентитетот и нацијата на Република Македонија. Секое она решение кое што ќе подразбира промена на уставот и промена на уставното име ние како партија сме против како и јас лично, истакна Мицкоски.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This