Веќе е досадно да пишуваме за одговорноста на надлежните служби за одржување на патиштата низ Макеоднија, кои секоја година, без исклучок во последниве 28 години, се изненадени во декември и јануари од снегот кој буквално ги затрупува патиштата низ земјата
Таква е ситуацијата и деновиве, откако пред два дена започнаа снежните врнежи во делови од земјата.
Во моментот завеан е патот на превојот Стража, но и кон Маврово и Дебар. Забраните за движење на тешки возила е активна три дена, а службите абер немаат.
Ситуацијата е иста и на југот на земјава. Утринава новинарот Миленко Неделковски објави снимка од автопатот Демир Капија – Смоквица, кој е под целосна снежна покривка, а служби како што вели нема.
„Тоа што ВМРО го направи во 10 години, вие не можете ниту да го исчистите“ – коментира Неделковски.
https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/videos/1958660654430441/
Вчера на превојот Плетвар излета возило на Брза пoмoш, за среќа немало пoвpeдeни. Во возилото се наоѓал и пациент. И покрај вечрашната сообраќајка, Плетвар повторно е под снежна покривка, камиони и сол нема.
Блокиран е патот Ѓавато – Ресен, а низ Пелагонија завеани се и регионаните и локалните патишта.
Утринава, завеани останаа и гранични полицајци на Танушевци. По реакцијта на медиумите реагираа и надлежните служби.