Завршена првата фаза од ИПА 2017 проектот ,,Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со Џенаро Каполуонго, проект лидер на ИПА 2017 проектот ,, Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ и амбасадорот на Италијанската Република г. Карло Ромео.

На средбата се разговараше за резултатите постигнати од првата фаза на ИПА 2017 проектот ,,Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“, како и за втората имплементациска фаза на проектот ,, ,,Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичната фаза“, која е предвидено да трае до 31.12.2019 година. Како имплементатор на активностите на овој проект е избрана Република Македонија.

Министерот за внатрешни работи Спасовски се заблагодари за досегашната успешната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Италијанската Република и го потенцира успешното спроведување на овој проект во рамките на ИПА, што ќе придонесе во борбата против организираниот криминал и корупција

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This