Завршија петчасовните преговори меѓу Путин и Лукашенко, постигнат договот по неколку прашања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преговорите меѓу рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко во Санкт Петербург траеја нешто повеќе од пет часа, а за време на разговорите беше постигнат договор за царини, енергија и даноци, изјави портпаролот на Кремљ

Покрај тоа, рече Песков, Путин и Лукашенко се осврнаа и на меѓународните и регионалните прашања.
„Разговорот беше исклучително обемен и значаен. Претседателите дојдоа до заклучоци врз основа на претходните дискусии меѓу руската и белоруската делегација. Утврдени се следните чекори во областа на царината, даноците и енергијата“, рече тој.

Да потсетиме, на самиот почеток на состанокот, Лукашенко рече дека по неуспешната „обоена револуција“, странските сили преминале на „индивидуален терор“ против Белорусите кои ја поддржуваат сегашната влада.
Тој исто така рече дека Минск ќе ги издржи економските санкции на Западот и „најважната работа е безбедноста на нашите земји“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This