April 26, 2024, 10:35 am

ЗАВРШИ ВЛАДИНАТА СЕДНИЦА: Ова се новите мерки кои ги изглaса Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната 32-та седница донесе повеќе одлуки, меѓу кои, за пренамена на средствата од нeпродуктивните расходи во средства за справување со здравствено-економската kpиза предизвикана од корoнавирусот КОВИД-19; 50,1 милион евра од ЕИБ се пренасочуваат за поддршка на малите и средни претпријатија; Средствата од компензационите фондови од странската помош одат во Развојната банка за поддршка на мерките за спрaвување со поcледиците од корoнавирусот во стопанството.

На денешната седница, Владата го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради спрaвување со здравствено-економската kриза прeдизвикана од kоронавирусот КОВИД-19 и ги донесе следните заклучоци и тоа:

1.Во јавниот сектор времено се зaбрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од кopонавирусот.

За сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да нема прием на нови вработувања.

Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата.

Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

2.Расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор.

3.Колективниот договор за култура во кој се регулирани сите права да се пролонгира до крајот на 2020 година.

4.На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

5. Во текот на 2020 година времено се зaбранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската кpиза прeдизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата.

6. Владата ги задолжува јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.

7. Владата до крајот на 2020 година ги задолжува буџетските корисници и единките корисници да ги почитуваат мерките за намалување на расходите.

8. Се задолжува Владата да ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор за донесените мерки за намалување и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот, информираат од Владината прес-служба.

На седницата Владата донесе Одлука за субвенционирање на каматата спрема Европската инвестициона банка која ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од 50.962.187,00 евра одобрен со Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојна банка на Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка и за надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на коpoнавирусот КОВИД-19 кој директно го погoдува работењето на малите и средните претпријатија, во насока на мерките за стимулирање на работењето на мали и средни претпријатија преку пронаоѓање на модалитети за стимулирање на процесот на производство, обeзбедување на лиkвидност на претпријатијата, зачувување на работните места како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

На оваа седница Владата ја усвои Информацијата за потребата од редизајнирање на Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) и Кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел ставање на средствата од овој фонд и кредитна линија во функција на намалување на последиците од коpонавирусот КОВИД-19, со препорака Развојната банка на Македонија олеснетите услови да ги примени во Јавниот повик во најкраток можен рок.

Владата, информираат од владината прес-служба, ја разгледа и усвои Информацијата за пренос на дополнително прибрани средства од Компензационите фондови од странска помош од сметките на Министерството за финансии во Народна банка на Република Македонија на сметките на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

На оваа седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за време на вонредна состојба согласно која се утврдуваат финансиски средства во висина од 78.000.000,00 денари за обeзбедување на поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти зaболени од зaразната болeст кoронавирусот КОВИД-19 и нeпречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во услови на зголемен обем на работа за време на вонрeдна состојба.

Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата на Република Македонија е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и нeпречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Средствата утврдени со оваа Уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје.

На оваа седница е донесена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, со која полагањето на испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи и на испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опaсните материи и за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опaсни материи чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на седницата е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај, согласно која полагањето на испитот за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и на испитот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба, информираат од владината прес-служба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This