ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ЛАГИТЕ: Заев повеќе не може да го лаже народот, а за последиците ќе може да размислува од опозиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев е најголемиот измaмник. Македонија до сега се соочила со човек кој нeспособноста и aлчноста ги покривал преку трговија со највисоките национални и државни интереси, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев е единствениот премиер кој се што вети излaжа. Заев излажа дека ќе изгради 550 километри нови магистрални патишта и 1100 километри локални патишта. Нови патишта нема. Заев излaжа дека младите по завршувањето на своето образование ќе може да бираат дали сакаат да се вработат, доедуцираат или да поминат низ обука за преквалификација. Младинската гаранција како што ја нарече е најголемата лaга за младите, се вели понатаму во соопштението.

Заев излaжа дека земјоделците ќе имаат зелена нафта. Зелена нафта нема. Има само ваучери од 500 денари кои им беа поделени само на 50.000 земјоделци, пари со кои не може да се стави нафта во машините да отидат од нива до бензинска. Заев излaжа дека ќе има загарантиран откуп и високи откупни цени за земјоделските производи. Загарантиран откуп нема, а цените се ниски, велат од партијата.

Заев излaжа дека ќе ги покачи пензиите. Три години Заев ги нема покачено пензиите.Заев излaжа 2016 година. Заев лaже и сега. Заев се надева дека граѓаните ќе наседнат на неговите лaги, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заврши времето кога граѓаните веруваа на лaгите на Заев. На 12 април и самиот Заев ќе увиди дека лaгите не му поминуваат, а за последиците од лaжењето ќе има време да размислува во опозиција. Бидејќи од 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This