April 25, 2024, 12:57 am

ЗАВРШИ ИСТРАГАТА ЗА 27. АПРИЛ: Преостанатите притворени можно е да бидат пуштени на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши истрагата за случувањата на 27.април минатата година, информираат од обвинителството, а можно е во меѓувреме и преостанатите притворени лица да бидат пуштени од затворски притвор, а судењето да го следат од слобода

 

Како што информираат од надлежното обвинителство, истрагата во врска со случувањата на 27. април минтата година е завршена, а предметот е испратен  на оценување во Кривичниот суд. Доколку добие зелено светло од Советот за оцена, тогаш набрзо ќе стартува и судењето, а на обвинителна клупа ќе седнат 35-мината обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Пред да почне судењето можно е дел од осомничените кои се во притвор во истражниот затвор „Скопје“ да излезат и да добијат некоја од алтернативните мерки на обезбедување, бидејќи повеќе не можат да влијаат на истрагата, бидејќи истата е завршена. Сепак се очекува обвинителството и понатаму да инсистира на притвор поради опасноста од бегство, но и поради тоа што бројот на обвинети е голем, па да не се случи да не доаѓаат на закажаните рочишта.

Меѓу притворените се и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, како и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This