ЗАВРШИ МАРАТОНСКИОТ СЕДУМЧАСОВЕН СОСТАНОК: Имало напредок, но решение за името нема ниту на повидок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напредок има, но и доста тешки прашања за кои допрва треба да се разговара е генералниот заклучок по седумчасовната средба на министрите за надворешни работи на македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со медијаторот во спорто за името Метју Нимиц.

„Има условен напредок во преговорите, бидејќи како што одиме напред, доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина“, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по денешната седумчасовна средба со својот грчки колега Никос Коѕијас и медијаторот на ОН, Метју Нимиц, во Виена.

-Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме обележано главните прашања за секоја страна и се на надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, рече шефот на грчката дипломатија во изјавата за ЕРТ.

Никос Коѕијас додаде дека паралелно со разговорите за името, направена е и позитивна агенда за во иднина, за соработка на двете држави, „доколку, како што се надевам, се реши името“.

Во однос на тоа дали е планирана следна средба, Коѕијас вели дека за „сите неопходни чекори постојат планови и договори“, без да открие кои се плановите за во иднина.

–Има позитивен напредок во преговорите, но сепак остануваат тешки прашања што треба да се надминат, изјави медијаторот Нимиц.

Според него, цел ден тие имале и тоа бил продуктивен состанок, што го наведува да биде оптимист за иднината.

-И двајцата министри се фокусираат на дологорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и имам надеж дека ќе продолжиме да работиме со овој позитивен пристап, додаде Нимиц по средбата.

Паралелно со средбата Нимиц со Димитров и Коѕијас, како што кажа медијаторот, се одржал состанок и на дипломати и експерти од двете страни кои работат на прашања од договорот и се концентрираат на продлабочување на односите на двете земји.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This