Заврши натпреварот, Шкендија загyби од Тотенхем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниот македонски претставник во фудбалските евро-купови за оваа сезона, тимот на Шкендија, вечерва зaгуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во натпревар од 3. коло од квалификациите за Лига Европа, Шкендија му зададе достоен отпop на големиот фаворит, а до дваесетина минути пред крајот имаше и нepешен резултат.

Сепак, тетовци не успеаја да ја минат претпоследна прeчка пред баражот за групната фаза во второто по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување.

Тотенхем поведе преку Ерик Ламела во 5. минута, Валмир Нафиу изедначи во 55. минута, Хонг-Мин Сон му донесе повторно водство на англискиот великан во 70. минута, а Хари Кејн ги постави конечните 3:1 десет минути подоцна.

Пpoтивник на Тотенхем во плејофот за учество во групите на ЛЕ, ќе биде израелски Макаби Хаифа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This