March 28, 2024, 10:38 pm

ЗАВРШИ СРЕДБАТА ИВАНОВ – МОГЕРИНИ: ЕУ итно, јавно и јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик – претседател на Европската комисија Федерика Могерини со која разговараше за актуелната политичка состојва во државата.

 

ivanov-mogerini (1)

Иванов, како што информира неговиот Кабинет, оцени дека со статус- кво состојбата во европската интеграција, на Република Македонија и е попречено правото на просперитет и се овозможува зголемено влијание на други меѓународни актери.

– ЕУ не смее да дозволи ова да продолжи и треба конечно да го идентификува Балканот за еден од нејзините највисоки приоритети. ЕУ треба да преземе итни чекори и да го зајакне интеграцискиот процес на Македонија, кој е неповратен, истакна Иванов.

Во однос на неговата последна одлука околу доделувањето на мандатот, Иванов појасни дека согласно Уставот, нема да го назначи како мандатар за состав на влада секој оној којшто преговара за платформи на други држави со кои се загрозува суверенитетот, независноста и унитарноста на државата.

– Со пост-изборната платформа се руши Уставот и Охридскиот рамковен договор, а Македонија се доведува во положба на потчинетост и зависност од друга држава. Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава, нагласи Иванов.

Тој посочи на отсуството на официјална јавна реакција со која би се осудило ваквото мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

– Отсуството на јавна осуда за флангрантното мешање во внатрешните работи на Македонија ги создава проблемите и води кон поширока дестабилизација, а со одредени неконструктивни изјави кризата се продлабочува. Ова е шанса ЕУ јавно и јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Македонија и да ја повтори поддршката за неповредливоста на границите на Балканот, рече Иванов.

Тој оцени дека ова може да биде негативен преседан што во иднина може да биде употребен и од други држави.

Иванов посочи и дека отворањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси во овие клучни области и ќе ги заокружи напорите на ЕУ за надминување на политичката криза во Република Македонија.

Високата претставничка на ЕУ, се вели во соопштението, истакна дека има целосно разбирање за комплексноста на состојбата и улогата на претседателот во соочувањето со политичките предизвици.

Могерини посочи дека ги разбира правниот и политичкиот аспект, релевантни за надминување на политичката состојба и истакна дека е подготвена да помогне моменталната политичка криза да не прерасне во меѓуетничка, па дури и во геополитичка криза. Могерини изрази верување дека политичките фактори во Република Македонија можат да најдат излез од состојбата.

Осврнувајќи се на изјавите за почитување на владеењето на правото во Република Македонија, македонскиот претседател нагласи дека сме уморни од двојните стандарди, истакнувајќи дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата никој не ја почитува. Иванов ја нагласи и потребата од организирање на попис на населението во Република Македонија.

Во однос на мигрантската и бегалска криза, македонскиот претседател истакна дека е неопходно што побрзо завршување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за да може, доколку е тоа потребно, да ја продолжи прогласената кризна состојба поради илегалната миграција.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This