ЗАВРШИ ТОЛЕРАНЦИЈАТА: Заврши времето на конструктивност и попустливост!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како никогаш досега во историјата на Република Македонија, па не и на цела Европа не се случило вакво класично политичко гонење на политичките противници. Стотина лица кои се дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција.

-Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон, СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политика, а не правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминација и ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес. Таргетот е ВМРО, сите случаи се против ВМРО, кршење на ВМРО за слабеење на Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој им порача дека нема да успеат и нема да ги скршат.

-Ние остануваме на бедемот на државата. Во овој процес како никаде на друго место нападнати и обвинети се и судии заради слободна судска одлука, како и членови на ДИК на чии одлуки имало можности и за жалби, како и за новинари затоа што критички ги опсервирале. Преседан од невидени размери, но целта е да се заплаши судството, да се заплашат судиите, да одлучуваат во корист на целите на СДСМ и нивниот инструмент СЈО, како и да се заплашат новинарите и целиот народ. Нашиот грев е што цели 11 години бевме на браникот на одбрана на државните и национални интереси на Македонија, што оддолеавме на многу притисоци и закани поврзани со името на државата, името на нацијата и јазикот, со идентитетот на македонскиот народ, што одолеавме на неприфаќање на потпишување на разни штетни за нашата нација договори или пак спроведување на платформи на туѓи држави, што се боревме за унитарноста на нашата држава, што се боревме да ја задржиме државата како што ја сака народот, а не како некои други што ја посакуваат. И што некој друг прифатил поинаку, и што не знаел како тоа да го изведе при силна и цврста ВМРО-ДПМНЕ со над 170.000 членови и 455.000 гласачи, рече Груевски.

Повтори дека ова што се случува во Македонија го нема никаде во светот.

-Ова е срамен и кукавички чин. Свесни се дека тоа што се обврзале да го прават пред нивните налагодавци нема да остане премолчено од ВМРО-ДПМНЕ, посегнаа на ваков најбрутален начин да се пресметуваат со нас, откако претходно работеа на создавање на подлога. Како е можно да кажат дека за Талир имаа само еден месец, кога имаа најмалку 18. Што правеа во изминатите 18 месеци. Водени се од омраза, гнев и обврските од налагодавачите, но ова нема така да помине, и ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова, длабоко се излажале. Сакам да објавам дека конструктивноста кои некои ја нарекува попустливост во нашето делување завршува денес. Сега е време историјата да оценува и да суди. Зошто ние се плашиме само од судот на историјата, потенцира Груевски.

Нагласи дека СЈО ќе биде после некое време оној дел од историјата од кој ќе се срами секој кој што ја сака оваа држава.

-Овде очигледно не е само Никола Груевски во прашање, туку во прашање е една идеја за Македонија, силна, цврста и самостојна која сакаат да ја скршат и се спремни на се заради тоа. Врхушката на СДС разјарени и полни со омраза се ситат на ова, но брзо ќе дојде денот кога ќе сфатат дека кругот се врти и продолжува да се врти и многу лесно од горниот дел можат да се најдат во долниот дел на кругот. Она што дополнително загрижува се информациите дека раководството на СДС било во постојана комуникација со неколку од обвинителите и ги координирале заеднички сите нивни активности. Затоа и е јасно зошто секогаш кога Заев ќе направи сериозен гаф или круг на политичка грешка СЈО се јавува со некој спектакл, рече Груевски.

Подлогата која ја создаваа нивните медиуми, рече претседателот на партијата, беше само дополнителен декор во амбиентот ВМРО-ДПМНЕ да се прикаже како некакво злосторничко здружување.

-А всушност иднината ќе докаже дека СДСМ е тоа, и дека делува на криминален и организиран начин со цел рушење на државните и националните интереси, и ние ќе направиме максимум да се докаже тоа, рече Груевски.

Посочи дека тие на најгруб начин се обидуваат да наместат цела една гарнитура од околу стотина лица од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е класична политичка и антимакедонска конструкција и иднината тоа ќе го докаже, како што ќе се докаже историската одговорност која ја носат сите овие лица кои сега јаваат на бранот на еуфоријата, мислејќи дека времето почнува и завршува со нив, и дека вечно ќе им трае ова ситно задоволство, истакна Груевски.

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This