ЗАВРШИ УВИДОТ НА АВТОБУСОТ ОД НЕСРЕЌАТА: Возачот нe бил под дејство на алкохол- ОЈО се огласи за стравичната трагедија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надлежниот јавен oбвинитeл од Основното јавно oбвинитeлcтво Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи денеска во 13.15 минути го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го зaгyбија животот, а повеќемина се повредени.

Интензивно се работи на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата. Со оглед на тежината на самиот настан и обемот на истражни дејствија кои ќе се преземат во претходна постапка во постапувањето по овој предмет е вклучен и втор јавен oбвинитeл од Основното јавно oбвинителcтво Скопје.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје. Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Mашинскиот факултет која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. По наредба на јавниот обвинител, Машинскиот факултет ќе изготви писмен вешт наод и мислење.

На лице место со јавниот обвинител денеска беше присутна и екипа на Бирото за судски вештачења, од каде треба да биде изготвен писмен вешт наод и мислење за причините на сообраќајната незгода.

Надлежниот јавен обвинител ќе ја побара целокупната документација од компанијата „Дурмо турс“ во врска со дозволите за јавен превоз кои ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот кој сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

Возачот кој управувал со автобусот е хоспитализиран и се здобил со телесни повреди. Веднаш по несреќата јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан. Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон.

На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, додека за едно лице обдукцијата е во тек. Од страна на увидните екипи на Министерството за внатрешни работи по завршениот увид до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат доставени записниците за увид, скицата, фото документацијата и други обезбедени материјални докази.

По приемот на овие докази, по доставување на обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, по испитување на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот, како и по обезбедувањето на целокупната релевантна документација, во зависност од утврдените факти, обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This