ЗАВРШИ УЧЕБНАТА ГОДИНА: Нема детски насмевки и џагор, нема училишно ѕвонче-училишните врати затворени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учениците ги немаше да се радуваат на скратените часови од последниот ден, а лектирите и насоките кои треба да ги прочитаат за време на летниот распуст ќе ги добијат во електронска пошта.

Кризата со коронавирусот ги остави училишните врати затворени и ученичките клупи празни. За прв пат завршува учебната година во вонредна состојба.

Министерот за образование Адеми испрати порака до учениците во која вели дека добро се прилагодиле на промената на наставата и го поздрави нивниот интерес за е-наставата која ја следеле заедно со родителите, велејќи дека не е сеедно што вака завршила учебната година, но тоа мора да се прифати.

„Драги ученици, би посакал оваа учебна година, како и претходните да ја завршевте во училишните клупи, насмеани, заедно со вашите другари и другарки! Но, понекаш работите не одат како што сакаме ние“, вели министерот.

Сепак се пројави загриженост кај граѓаните поради доделувањата на свидетелствата, а посебно засегнати се полуматурантите, на кои од 16 јуни им започнуваат уписите во средните училишта.

Од министерството за образование велат дека на учениците до крајот на неделава ќе им бидат поделени свидетелствата, но додадоа дека нема да има прослави како и минатите години и дека учениците и родителите и сите присутни ќе мора да ги почитуваат мерките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This