March 28, 2024, 12:54 pm

ЗАВРШИ ХАОТИЧНАТА 2016-ТА: Што да очекуваме во новата 2017-та во Македонија но и во светот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2017, светот одблиску ќе го следи преземањето на функцијата Претседател на САД на новоизбраниот Доналд Трамп, развојот на ситуацијата во Сирија и изборите во Германија и Франција. Покрај другите важни глобални проблеми на агендата ќе се најде и кризата во источна Украина, мировните преговори во Сирија и Западните санкции против Русија

tramp_novagodna

Во ноември, Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи во претседателската трка во САД. Иднината на односите помеѓу Мосвка и Вашингтон се очекува да биде приоритет на следната претседателска администрација на САД.

За прв пат во неколку години, Вашингтон испраќа сигнали до Мосвка дека сака да ги нормализира билатералните врски.

Доналд Трамп неколупати нотираше дека сака соработка со Русија и дека гледа нормлни односи со неговиот Руски колега Владимир Путин. Москва позитивно ја оцени намерата на Трамп за нормализирање на билатералните односи. Трамп и Путин ја реафрирмира спреноста да работат заедно со цел надминување на актуелната криза помеѓу Мосвка и rex_tilersonВашингтон. Дотолку повеќе, изборот на Трамп за местото Државен Секретар (министер за надворешни) исто така ја рефлектира волјата да се скрши мразот во односите со Русија. Извршниот директор на Ексон Мобил Рекс Тилерсон, кој го доби местото Државен секретар е добро познат по неговите тесни бизнис врски со Русија. Исто така се верува дека истиот има пријателски односи со Путин.

Крајот на 2016-та го одбележаа и два клучни моменти во Сирискиот конфликт, вклучително и ослободувањето на Алепо од страна на Сириската армија и завземањето на Палмира од терористите.

Сириската армија и Руската авијација беа фокусирани на опреацијата во Алепо.Терористите на ИСИС ја искористија предноста од ситуацијата и успеаа да ја завземат контролата врз античкиот град Палмира, кој беше ослободен во Март. Воените експерти предвидуваат дека терористите ќе се обидат со нова офанзива на Дамаск, Хама и Хомс.

За Алепо, Сириската влада ќе мора да докаже дека има можност и е способна да го врати нормалниот живот во градот кој беше под окупација на терористите цели четири години.

Дополнитено, ослободувањето на Алепо ќе и овозможи на Сириската армија да ја продолжи офанзивата во северна Сирија, во провинцијата Алепо и соседната провинција Илдиб. Ситуацијата во Сирија е значително под влијание на странски актери, вклучително и Русија, САД, Иран, Турција и Саудиска Арабија. Одредени неочекувани алијанси се возможни во 2017 година. На пример, во моментов Русија и Труција обезбедуваат стабилен дијалог за ситуацијата во Сирија.

Последната рунда преговори се случија во април 2016-та во Женева, но немаше значителни резултати. Оттогаш, страните вклучени во конфликтот не смогнаа сили да се договорат на мирно решение.

vojska_ukrainskaУкраинскиот конфликт според мировниот договор во Минск, со кој владата во Украина требаше да имплементира серија на политички реформи и координација со самопрогасените републики на Донбас, вклучително и специјалниот статус на регионот, амнестија за локалната милиција и уставни реформи. И покрај тоа, засега нема прогрес по прашањето на Мировниот договор. Всушност, Украинскиот претседател Петро Порошенко не може да направи сериозни поместувања во самопрогласените републики поради домашен и странски притисок.

Можноста да се кренат санкциите беа дискутирани уште во 2014-та. Во Европската Унија голем дел од земјите членки, меѓу кои и Австрија, Унгарија, Грција, Италија и Кипар се против санкциите кои беа наметнати на барање на Вашингтон против Русија. Дотолку повеќе, санкциите се покжаа како неефективни.

Токму невоведувањето на овие санкции, потпишувањето на геостратешките проекти како „Јужен тек“ и Балканскиот пат на свилата финансиран и спроведуван од Кина за копнено поврзување на Будимпешта и пристаништето Пиреја во Грција, се смета за појдовна точка на кризата во Македонија.

Имено, вештачки креираната криза во Македонија започна токму на денот кога беше потпишан договорот за изведба на магистралниот гасовод во Клечовце, чија изградба во потполност беше финансирана од страна на Руската Федерација како компензација на Клириншкиот долг. Неколку дена подоцна, започнаа и првите т.н. „политички бомби“ кои ги објавуваше опозицијата, иако сосема незаконски.
По тој повод, премиерот на Р.Македонија на прес конференција изјави дека се работи за снимки кои се незаконски стекнати, а според зборовите на лидерот на опозицијата, истите му биле предадени од страна на одредени странски служби.

Официјална потврда за тоа кои служби се вклучени во дистрибуцијата и снимањето на високите државни функционери немаше, но јавна тајна е дека се работи за неколку поголеми разузнавачки служби како оние на САД, Италија и Велика Британија со помош на Бугарската служба.
Всушност, овие тези ги потврди и Италијанскиот весник „Леспресо“ кој во специјално издание објави дека токму Италијанските заедно со гореспоменатите служби се дел од акцијата за „мек пуч“ во Македонија.

Gruevski_gasovod

Набргу потоа, Македонија се соочи со терористички напад кој се случи токму на денот на победата над фашизмот, и тоа на 70.годишнината. По овој повод, претседателот Ѓорѓе Иванов беше повикан од страна на неговиот руски колега Владимир Путин да присуствува на свечената церемонија на Црвениот плоштад, но за жал не успеа да ја завземе свечената позиција. Токму дента кога требаше да се појави рамо до рамо со Путин, се случи Диво Насеље.

Постоеа голем број на шпекулации во врска со тоа кој го нарачал терористичкиот напад, но најдобриот одговор го даде токму министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој одговарајќи на прашање во Советот на Федерацијата, изјави дека во Македонија се спрема сценарио за поделба на државата, преку федерализација, а потоа отцепување на нејзините делови кон Бугарија и Албанија. Само една година подоцна, видовме дека овие информации ги потврди и самиот Зоран Заев.

По неколкукратни обиди за помирување помеѓу политичките лидери, се потпиша и таканаречениот Пржински договор или како што многумина аналитчари и политички експерти го именуваа како втор „Рамковен Договор“ со кој во државата се дерогираа сите позитвни законски решенија, Уставот и институциите. Неколкупати беше одложуван и датумот за предвремените парламентарни избори, за на крајот да се покаже дека одложувањата биле со цел агитирање кај албанското малцинство и нивната дијаспора, кои пак на 11-ти декември ја одиграа клучната улога. Освен гласови, албанската дијаспора беше и силен финансиер на политичките активности на опозицијата, од каде пак добија гаранции дека ќе ги имплементираат нивните барања – двојазичност и кантонизација.

И покрај силната надворешна поддршка, криминалните активности и субверзивната амбасадорска политика, опозицијата ги загуби изборите, а лидерот на СДСМ кој вети дека ќе си поднесе оставка во случај да ги загуби изборите сеуште го нема тоа направено.

За новата 2017 година, Македонија може да очекува релативно мирен период во првите два месеци, а потоа започнува кампањата за редовните Локални избори. Ова ќе биде одличен повод за рестартирање на тензиите во државата, преку активирање на невладините пропагатори контролирани од опозицијата. Сепак очекувањта се дека, опозицијата овој пат нема bejliда ја добие поддршката од странците во количина која ја добиваше за предвремените парламентарни, особено ако знаме дека нивниот главен поддржувач – амбасадорот на САД на 20-ти јануари си заминува од државата, а на чело на УСАИД застанува човек кој има намера драстично да го скрати буџетот на организацијата.

Македонија може да очекува и подобрување на билатералните односи со партнерите од т.н. Исток, поточно со Руската Федерација и Кина кои имаат и најголем интерес од добра соработка со земјите од Балканот, а особено Македонија која важи за крстосница на геостратешките интереси на светските сили.

По однос на евро-атлантските интеграции, реалноста и во 2017-та останува песимистичка. Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп најави драстично кратење на воениот буџет кој САД го одвојува за НАТО, што ќе значи и намалување на капацитетот на НАТО за абсорбирање на нови членки. Освен ова, сеуште не е ниту на повидок решение со Грција во спорот со името, со што однапред можеме да констатираме дека членство во ЕУ останува само план и желба на политичките елити, но не и на народот.

Бизнисот очекува добра година под услов политичката криза конечно да заврши. Со слични проекции се и НБРМ но и европските финансиски институции.
А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This