Заврши pacпитот на Димишкова: Омилената cyдијка на Заев не даде коментар за медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Весна Димишкова, судијката од кривичниот суд во Скопје, утрово пристигна во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Официјално нема никакви информации за што е повикана судијката во Обвинителството, но неофицијално, поканата е за истрагата за случајот „Рекет“. По повеќе од три часа заврши распитот на Димишкова, а таа замина без даде коментар за новинарите.

Пријавителот на случајот „Рекет“ во својот исказ објаснува како Димишкова впрочем судијката е вмешана во рекетот. Тој вели дека цеднаш по неговото притворање за случајот на СЈО „Империја“ , поточно во неделата на 10 ноември, во стан на тајна локација во Капиштец била повикана неговата сопруга Ана Камчева.

-Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал.

Увертирата во земањето рекет, адвокатот Димишков ја започнал со тоа што на сопругата на Јордан Камчев почнал да и соли памет дека уште летоска му кажал на нејзиниот сопруг дека требало ,,да пушти некој денар” за да се подмачкале истрагите против него, а тој да си бил мирен. Васил Димишков, инаку брат на судијката Весна Димишкова уште во август 2018-та година се обидел да изнуди пари од Орце Камчев. Бизнисменот тоа не го сватил за сериозно тогаш, иако Димишков му предочил дека против него има распишано посебни истражни мерки. Камчев одбил било каква соработка со Димишков, бидејќи како што тврди се чувствувал невин и дека дури да имало ПИ-мерки против него, немало што да крие.

-…Васе и побарал 2,4,6 милиони евра (на Ана Камчева) во зависност од опцијата, при што и кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката Лиле Стефанова и неговата сестра, судија Весна Димишкова која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.

На прашање на обвинителот, како би отишла во пензија кога не исполнува години старост, пријавителот Камчев изјави:

– Од тие причини сумата била голема затоа што после ова на судијата Димишкова би и завршила кариерата.

Инаку Весна Димишкова е судијката која го ослободи Заев за слуачјот ,,Поткуп” во кој премиерот беше обвинет дека барал 200 илјади евра поткуп од струмички бизнисмен, додека бил градоначалник на општина Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This