ЗАГАДЕНА ВОДАТА ВО СТРУШКО: Стружани четири дена се без вода за пиење, се чекаат анализите во понеделник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водата во Струга и селата кои се приклучени на гратската водоводна мрежа и по 4 дена,се уште не е здравствено безбедна за пиење.Иако матноста на водата значително е намалена, нема повлекување на решението на Агенцијата за храна и ветеринарство за забрана за користење на водата.Се до в понеделник континуирано ќе се вршат опсежни испитувања по што ќе се чека наодот од физичко-хемиските и микрибиолошки анализи на водата.

Иако водата не е загадена и нема присуство на патогени организми, штом еден параметар не одговара на пропишаното во правилникот, таа не е за пиење бидејќи може да предизвика здравствени проблеми.

Секако матната вода знаеме од што е заматена,меѓутоа не знаеме што тој муљ, блато, тиња носи со себе какви копоненти, какви организми. Тие што стопанисуваат со изворите и што ја дистрибират водата треба да ги превземат сите потребни мерки за таа вода да биде безбедна.-Изјава Сашо Точко-директор на Центар за Јавни здравје.
Струга се снабдува со вода меѓу другото од изворите во Шум каде анализите покажале дека изминативе денови има мало микробиолошко загадување.Тоа е најпроблематичниот извор кога станува збор за пречистување и дистрибуција на водата низ водоводниот систем,посебно кога има обилни врнежи од дожд.Од МЈП Проаква велат дека ваквите појави не можеле да се спречат.

Бидејќи користиме природни изворишта кои што после вака сушен период нормално самата површина се промива, водата поминува по површината и ја собира сета гнасотија.Сега за сега некое видно решение за овој проблем, немаме.-Изјава Владимир Алексиески-дир.на МЈП ,,Проаква”.
Сериозно треба да се пристапи кон превземање на некои мерки,некој посериозен зафат кој што би го избегнало ова.Не сакам да нагаѓам, треба да се направи проценка од надлежни институции,за тоа дали треба да се постават филтри,дали да се заштити извориштето на некој начин.-Изјава Сашо Точко-директор на Центар за Јавно здравје.
Од Центарот за јавно здравје упатуваат апел до граѓаните на Струга,сите оние кои се снабдуваат од гратската водоводна мрежа да бидат претпазливи и да не ја користат водата за пиење, се додека не се констатира дека матноста и останатите параметри се во границите на дозволеното.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This