(ВИДЕО/ВО ЖИВО)ЗАГИНАТИ, МАЧЕНИ, БОРБА СО НАПАЃАЧИТЕ: Седуммина ги загубија животите во Лондон, полицијата апси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според очевидците, еден од напаѓачите ѝ задал повеќе смртоносни удари со нож на жена, ѝ го пресекол вратот и викал: „Ова е за Алах“. Терористите, според очевидците, ги напаѓале луѓето претежно во горните делови од нивните тела, сакајќи да им ги пресечат вратовите.

Во дел од Источен Лондон, населен претежно со имигранти од азиските земји и од Блискиот Исток, лондонската полиција утрово извршила рација при што имало и неколку апсења, јавуваат британските медиуми. Според извештаите, се работи за акција поврзана со синоќешниот напад во кој седуммина беа убиени, а речиси педесет луѓе повредени.

Засега нема потврда колку лица се уапсени од населбата Баркинг во источните делови на Лондон, но според кажувања на тамошните жители, имало и истрели и зголемено полициско присуство. Дел од просторот, како што може да се види од снимките направени од воздух, бил ограден со полициска лента, додека локалните жители, претежно од исламска вероисповест, гледаат од своите станови.

juzen_-_01.jpg

Низ Лондон се распоредени засилени полициски тимови, опремени и со автоматско оружје. На местото каде беше извршен нападот во тек е балистичка истрага, додека целата област ја обезбедуваат тешко вооружени специјалци.

Нападот се случи вчеравчер, неколку минути после десет часот. Комбе прво влета во пешачка област кај Лондонскиот мост, газејќи ги луѓето кои се нашле на патот. Откако возилото застанало, од него излегле тројца мажи, со медитерански изглед и вооружени со ножеви и мачети.

Лондон напад ножеви комбе - .jpg

Веднаш штом излегле почнале да ги напаѓаат луѓето што биле во близина. Според очевидците, еден од напаѓачите ѝ задал повеќе смртоносни удари со нож на жена, ѝ го пресекол вратот и викал: „Ова е за Алах“.

Терористите, според очевидците, ги напаѓале луѓето претежно во горните делови од нивните тела, сакајќи да им ги пресечат вратовите. Во крвавиот пир успеале да им зададат расекотини и убодни рани на голем број луѓе.

Цел на нападот им биле гостите во рестораните и пабовите на Бороу маркет, популарно место во Лондон за ноќни излегувања, кое често е посетено и од туристи.

Луѓето кои се нашле во пабовите сведочат како напаѓачите не штеделе никого. На една од келнерките ѕверски ѝ го пресекле гркланот, по што девојката почнала да плука крв. За да се спасат, луѓето почнале да ги гаѓаат колачите со шишиња, маси и столчиња.

За среќа, полицијата бргу пристигнала. Во молскавична акција, која траела осум минути, полицајците успеале да ги ликвидираат тројцата напаѓачи.

Европските лидери остро реагираа на нападот во Лондон. Дојдоа осуди од сите европски земји, а премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, во говор кој беше со видливо остар тон, порача да се смени пристапот кон разбивање на тероризмот.

Меј побара борбата со тероризмот да се одвива на неколку нивоа и дека во таа борба мора да се вклучат и интернет компаниите, зашто терористите го користат токму интернетот да се инспирираат за своите дејства и да копираат едни од други.

– По третиот терористички напад во Велика Британија за само неколку месеци, не смееме да се правиме како да можеме да продолжиме како досега. Она што е неопходно е јасна осуда на идеологијата која е во позадината на насилството, нови закони за контрола на интернет, овластувања за безбедносните сили кои ќе бидат доволно широки за да има успех во борбата против тероризмот и, ако е потребно, повисоки казни и за помали кривични дела – рече Меј.

Таа истакна дека е категорична во одлуката да почне силна борба и да му се стави крај на тероризмот.

 

Лондон напад со ножеви - 05.jpg

ВО ЖИВО: Тероризам во Лондон

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This