Загинати пилоти во лет за обука на американското воздухопловство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската армија потврди дека двајца воени пилоти загинале синоќа кога се урнал авион за обука во близина на аеродромот во Алабама.

Агенцијата наведува дека воени службеници од воздушната база „Колумбос“ во американската сојузна држава Мисисипи потврдиле дека нивниот авион за обука Т-38 се урнал за време на обуката денес и дека двајцата пилоти во авионот се загинати.

Медиумите јавуват дека авионот се срушил околу 17:30 часот по локално време во близина на аеродромот Монтгомери во сојузната држава Алабама, а имињата на повредените пилоти не биле објавени додека не бидат информирани нивните семејства.

Властите соопштија дека причината за несреќата е сè уште непозната и дека истрагата е во тек, пренесува агенцијата.

Оваа последна несреќа ќе додаде масло на огнот околу состојбите катастрофалната опременост на американското воено воздухопловство. Имено се работи за авион за обука кој е тренажна двосед варијанта на американскиот ловец Ф-5 Тигар, авион кој се користише пред 40 години во американското воздухопловство кој и покрај напорите на воздухопловните авторитети, се уште не заменет со понови побезбеден авион за тренажа и обука во воздухопловството на САД и бројни други воздухопловства во светот..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This