ЗАГЛАВЕНИ НА ГРАНИЦА СО ГРЦИЈА: Преку 70 камиони останаа заглавени на граничниот премин Евзони поради нерасчитени патишта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 70 товарни возила се заглавени кај граничниот премин Богородица. Поради лошото време и состојба на патиштата, Грците од два часот по полноќ ја затвориле границата.

kamioni-grcija
Еден од заглавените камионџии за економски.мк соопштил дека немаат информација до кога ќе останат. Им кажале само дека патиштата во Грција не се проодни поради снегот.

Колоната целосно го блокирала меѓуграничниот простор. И од МАКАМ- ТРАНС потврдија дека лошите временски услови го блокирале транспортот. За 50 отсто е падната нивната работа. Некои воопшто не возат, а оние кои работат се заглавени на дел од граничните премини. Целосно е отежнат протокот на стока.

Надлежните ги советуваат возачите ако одат на пат со себе да носат храна вода и да бидат со полн резервоар, затоа што проблеми во сообраќајот има во целиот регион и пошироко.

-Транспортот е отежнат се трудат да возат но тешко е. Ако претходно траснпортот траел 5 или седум дена сега се птолонгира за два до три днеа плус. Мора да се работи ако застане транспортот се застанува, вели Биљана Муратовска од МАКАМ- ТРАНС за ТВ Сител.

Поради блокираниот транспорт проблеми во работата имаат и бизнисмените. Суровините им доцнат производството им е во прекин. Дел пак не можеле да ја пласираат робата до своите партнери во странство. Стравуваат дека ако продолжи лошиото време ќе претпрпат големи штети.

– Поради проблеми со патот од пристаништето Драч не може суровина да влезе во Македонија. Поради лошите временски услови два три дена ни стоеше стоката не можевме да извршиме извоз во Косово, рече за Сител, Арбен Абдурахмани- Везе Шариза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This