ЗАГРИЖУВАЧКИ ПАРАМЕТРИ: Намалувањето на индустриското производство е потврда дека економијата не оди во добар правец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во месец јули во однос на јуни имаме пад од 2,2% на индустриското производство и тоа доаѓа последователно и со намалувањето на просечната плата во Македонија за 0,7 отсто за истиот период, така што по намалувањето на просечната плата доаѓа и до намалување на еконмијата или поточно на индустриското производство за 2,2 проценти, што укажува дека нашите апели и укажувањата дека има сериозни ризици за назадување на економијата дека се исправни и дека работите во тој дел, во делот на екомномијата, на движењето на платите, на индустриското производство не одат во добар правец.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира новите бројки за индустриското производство од Заводот за стстистика.

-Очигледно е дека владата има сериозен дефокус, дефокусирање од економијата, дека немаат доволен интерес да ги продолжат добрите трендови во економијата и големиот ангажман што претходната власт го имаше во правец на отворање на работни места, а за истите да се отворат потребни се многу активности, пред се помагање и носење на инвеститори и помагање на постојните инвеститори со разни мерки и активности да остварувваат подобри резултати. Очигледно е дека тие активности се запрени или се сериозно намалени и тоа веќе се изразува и преку официјалните податоци на Заводот за статистика, додаде Груевски.

Според Груевски има влошувачки тренд- паѓа индустриското производство и нивото на просечната плата.

-Од тука нашите апели до власта да остане фокусирана како што ние бевме фокусирани на отворањето на нови работни места, еден од најголемите и најгорливите проблеми на граѓаните, останува и понатаму.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This