ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТА ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ: Поради одложени тендерски постапки, загрозена безбедноста во авиосообраќајот – Сугаревски не презема конкретни мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста под сомнеж, бара одговор зошто и како тендерот за набавка на нова опрема за потребите на претпријатието Македонска навигација пораснал за цели четири милиони евра. Дали надлежните намерно ги пролонгираат тендерските постапки со цел парите од разликата во цена, завршат во нечиј џеб. Дополнително, пролонгирањето на тендерските постапки ќе значи загрозување на безбедноста на граѓаните во авиосообраќајот.

Македонските авиони уште две-три години ќе летаат по застарена навигаторска опрема, иако досега требаше дел да биде ставен и во функција.

Предвидените, нови радари, опрема за комуникација, АТМ систем, метео апаратурата, со инструменти вредни над 13 милиони евра, не се инсталирани, а доколку на  време беа инсталирани, до сега капацитетот на контролата на летање и безбедноста ќе беа двојно зголемени.

Овој проблем ја заинтригира и Европската банка за обнова и развој која деновиве  испрати тим во посета на М-НАВ и новото раководство.

Роковите се двапати пробиени, имплементацијата на опремата треба да почне да се одвива после две три години, изјавуваат надлежните од навигацијата. Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вели дека приоритет е замена на старите инструменти со нови со цел да се зголеми безбедноста на летовите, меѓутоа не соопштува кога тоа ќе биде.

Неангажираноста на Сугаревски и ненавремената имплементација на новата опрема ќе значи поголем ризик по безбедноста на граѓаните во авиосообраќајот во наредните неколку години.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This