ЗАГРОЗЕНА И ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ: Директорот на АР во карантин поради контакти со Мухамед Зекири

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ деновиве е жариште на коронавирусот откако пратеникот Мухамед Зеќири и директорката на УЈП, Сања Лукаревска беа потврдени како позитивни на коронавирусот. Но сепак покрај потврдените случаи, десетици државни и партиски функционери завршија во самоизолација по инфамозниот состанок кој го имале на Бихаќка.

Партиските активности на СДСМ ја ставија цела изборна единица 2 во самоизолација, оти со Лукаревска – која е позитивна на Корона работеле на терен.

Логично се поставува прашањето дали е загрозува ли здравјето на граѓаните со терање на изборна кампања во време на пандемија, но она што е можеби и пострашно е обезглавенина клучни институции во време кога се најпотребни со неодговорното однесување на државните функционери.

Во самозиоалција се и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вицепремиерката Мила Царовска, националниот кординатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, техничкиот премиер Оливер Спасовски, дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, Директорот на Службен весник Мартин Костовски, градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски. Во домашен карантин е и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Но во самоизолација заврши и директорот на агенцијата за разузнавање Еролд Мусли. Се поставува прашањето што бара директорот на Агенцијата за разузнавање на партиски состанок на СДСМ? Ова можеби е само уште една потврда дека големото уво во моментоив се наоѓа на Бихаќка. Но сепак колку и да звучи неверојатно од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски демантираат дека присуствувал на партиски состаноци со оправдување дека имал случајна средба во град со Зекири.

“Според информациите кои ги има Кабинетот, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, кој не е член на политичка партија, не бил на партиски состанок во СДСМ. Тој е во самоизолација поради кратка средба со пратеникот Мухамед Зекири која се случила во град минатата седмица.”, велат од кабинетот на претседателот.

Клучното прашање е дали е загрозена државата безбедност со ваквото несовесно однесување на државните и партиски функционери на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This