Задолжени за седум поколенија: Само последните четири месеци Заев и Нина ја задолжиле земјата за 270 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нина Ангеловска и Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра, обвинyва Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект кој што може да се види со голо око. Психолошката граница од над 50% задолжување е одамна помината и граѓаните и државата секојдневно живеат во неизвесност. Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека државата се води недомаќински. Секое ново задолжување само ја покажува разврaтноста на Владата во делот на финансиите. Нема ниту еден капитален проект реализиран. Жалосно, порачува тој.

Арсовски оценува дека реализацијата на капитални инвестиции и сумата на странски инвестиции директни влезени во Република Македонија во моментот се историски најниски.

-Заклучно со септември капиталните инвестиции се 37.6%, значи 3 од 4 квартали не е постигнато ниту 40% од планираната реализацијата на капиталните инвестиции и тоа планирана со ребаланс на буџет. Новиот Буџет кој го предвидуваат СДСМ, Заев и Нина Ангеловска ќе биде историски најголем, со историски најголема сума нето задолжувања идната година каде што стотици милиони евра ќе се задолжи нето државата само во 2020 година. Капиталните инвестиции повторно ќе бидат драстично пониски и од оваа година. Економскиот тим на Владата потфрли. Казната за ова потфплање ќе ги стигне на 12 април на денот на изборите. Потоа следи обнова на Македонија и реобнова на економски план во целата држава, порача Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This