April 26, 2024, 11:30 pm

Задолжени од раѓање: Секој жител во Македонија должи по 2.700 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашното отворено студио на „Алфа ТВ“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска која посочи дека Буџетот оваа година е креиран 3.9 милијарди евра, најголемиот буџет до сега кој што Република Македонија го имала. Слободно може да кажеме дека Буџетот за 2020 година е буџет за плата.

Искрено ваков буџет, не знам значи 498 милиони евра предвидени за плати на администрацијата. Но оној кој што го видел Буџетот знае дека овој дел е предвиден само за плати. Но не се прикажани така експлицитно, платите кои што се предвидени со блok дотации за наставниците во основното и средното образование. Не се така видливи и платите кои што се за воспитачките и наставниците, кадарот кој што е и во градинките. Ниту пак за јавно здравствени установи. Што значи дека оваа цифра е многу поголема, додаде Стаменковска.

Стаменковска истакна дека секој граѓанин согласно последните математики е 2.700 евра задолжен во Република Македонија. И тоа не е малку. И тој што сега ќе се роди е веќе задолжен по 2.700 евра. Оваа калкулација се однесува за 2 милиони жители. Но ако сме помалку од 2 милиони жители тогаш задолжувањето по секој граѓанин е многу поголемо и не изнесува тогаш 2.700 евра по жител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This