ЗАЕВИЗМОТ МОРА ДА БИДЕ ПОРАЗЕН:Изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги пријатели, мора да бидеме свесни за реалноста и за проблемите кои го разјадуваат нашето општество. Замижувањето пред неправдите и безаконието нема да помогне ниту да го одложи доаѓањето на решенијата. Молчењето ќе донесе уште поголема неправда и безаконие. Македонија тешко боледува од криминален и коруптивен канцер кој е распространет до најситните пори. И тоа не е единствениот проблем. Власта веќе одамна ги загуби критериумите за нормалното и сега се наоѓаме во состојба на постојани напади на декаденција и изветопереност, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната 18-та конференција на Унијата на жени.

Тој говореше и за „заевизмот“ како и за бројните негативни појави кои секојдневно се појавуваат во општеството.

Таа метастаза на новата тешка општествена реалност се нарекува Заевизам кој прераснува во дијагноза на мачното и тешко време за македонскиот граѓанин чија карактеристика е постојаното губење, било да е слободата, идентитетот или името. Се работи за почитта, достоинството, сигурноста, работата, најмилите кои копнеат да отидат надвор од државата час поскоро. Таквиот заевизам прераснува во една еднолична ментална матрица на луѓето од власта, кои продуцираат страв, секојдневни лаги.

Нормално стана да исчезнуваат луѓе катадневно, да има престрелки, животот да е на коцка и зависен од милоста на оние кои сакаат да управуваат со нашите судбини. Да имаме криминал, наместени тендери, предавства, безаконие и неказнивост, тепања, прогон, безпарица и задолжувања. Најскапото станува најефтино, животот губи вредност, а несреденото здравство само го зема човечкиот данок. И на ваквиот Заевизам изворот не е само Зоран Заев, тој е највисоко во ваквото девастирано општество, но во таквата приамида подеднакви се десетиците функционери од власта кои се исти како него. Ги делат истите невредности, ги легитимираат истите непринципи. Таквиот Заевизам донесе неправда и рушење на правната држава, подвлече Мицкоски.

Како што дополни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во земјата не владеат законите, а во Македонија нема повеќе владеење на правото.

Судството и обвинителството одамна не се механизмите кои ќе ја заштитат правдата. Случаите со тепањето на Миле и Спиро во затворот не е само податок кој докажува дека се прекршени процедурите и правилата во затворот, туку пред се тоа е последица на урнисаниот систем, неморал и доказ за невиден организиран прогон кој продолжува и во пресрет на претедателските избори. Дури и во еден ваков толку јасен случај на неправда оставката на оној затворски управник која треба да послужи за алиби ќе почека. Се кршат процедури во Собранието, се носат закони кои може да донесат само бизнис интерес за поединци, а ненадлежното СЈО ќе отвори онолку нови случаи колку ќе сметаат дека се доволни за да може да се пазари со цел да си го продолжи мандатот, зошто за нив привилегиите се далеку поважни од правдата која треба да се постигне. За пусти пари се работело.

Таквиот Заевизам во чија суштина се критериумите кажувам- негирам- заборавам практично говори за сите ветувања кои ги кажа, а не ги исполни. Далеку сме од плата од 500 евра, нема ниту живот, ниту чист воздух, а економијата колабира. Граѓаните се чуствуваат несигурно. Се изгуби редот на нештата. Македонија не е нормално место за живеење. И кога ваквите неправди се случуваат на највисоко ниво, можете само да замислите како е во секојдневниот живот кај обичниот човек. Колку само еден родител, татко, мајка, дедо и баба, брат или сестра се огорчени кога неправдите им стануваат дел од секојдневието. Колку само очај, страдање и немоќ предизвикува ова што го говорев, и тука нема висока политика, ова се реални теми. Прашањето кое си го поставува секој еден од вас е што е решението?, запраша лидерот на опозицијата.

Како што дополни Мицкоски, Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот

Драги мои стојам пред вас и ви велам, јасно и доволно гласно, борбата против Заевизмот е битка за Македонија и нашата генерација. Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат ќе бидат референдум на народот. Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи вака.

Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека со овие на власт Македонија ја губиме. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека ќе ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И несакам да звучам отмено и паметно и во стилот „ви рековме дека вака ќе биде“ зошто знам дека сте имале доволно причини да гласате против нас, и ние сме поискусни и свесни за нашите пропусти во минатото, денес ви велам секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носи Македонија. Од сите нас зависи што ќе избереме, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека силата е во гласот на народот, а сега сликата е многу јасна и совршено чиста

Вистинскиот мандат во оваа земја се помалку е во она Собрание кое толку многу пати ги прекрши процедурите, туку во народот на оваа земја. Силата е во вашиот глас и сега нема да има изговори. Сликата е многу јасна и совршено чиста. Само заедно да се обединиме и да влијаеме да ги промениме работите. Да се дочекаме на нозе. Нема изговори, и сите наши разлики се помали од нашата цел која е поголема и повисока од секој нас посебно. Ние тргнавме да го рушиме Заевизмот и за секој има место до нас. Ќе се обратам и до оние кои се мислат дали да излезат да гласат. Значи не до оние уценети слуги на Заев кои работат на дугме, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна.

Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This