„ЗАЕВИЗМОТ“ МОРА ДА СЕ ПОБЕДИ: Со оние кои не сакаат да излезат на избори имаме заеднички противник, тоа е заевизмот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Печат на неделата“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој говореше дека e време заевизмот да се уништи, а тоа може преку негов пораз на избори.

„Победник сум по природа, победник е нашиот претседателски кандидат и заедно ќе победиме и Македонија ќе има жена за претседател“- нагласи Мицкоски.

Мицкоски во тек на емисијата рече дека ВМРО- ДПМНЕ не размислува за бојкот на претседателските избори.

„Јас повеќе се плашам од бојкот и опструкција од СДСМ и ДУИ во вториот круг кога ќе ги видат резултатите од првиот круг. Инаку дали ме прашувате дали за претседателските избори во првиот круг ако се случат истите настани како што беа за референдумот односно имаме гласачи кои што се побрзи спринтер од 100 метра па гласаат за 2.4 секунди или ако имаме излезеност поголема од 100% имаше еден политичар кој што викаше 2.5 не знам како беше и дали тоа ќе го толерираме, нема да го толерираме“ – посочи Мицкоски.

Појасни и дека нема потреба да се бојкотираат претседателски избори, бидејќи така ќе му се зададе првиот и конечен удар на заевизмот. Мицкоски ги повика сите граѓани да го победат заевизмот кој, како што рече, ја зави државата во црнило.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This