Заев: Ако порачаме и од руската, ќе имаме премногу вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија досега набави само 4.680 дози на вакцини кои се донација од Србија, а за се очекуваат и преостанатите од договорените вкупно 8.000 фајзерови вакцини. Покрај тоа во исчекување сме на кинеските 200.000, како и тие 103.200 на АстраЗенека набавени преку Ковакс.

Што значи дека вкупната бројка на вакцини кои треба да пристигнат до половина на оваа година, според сите најави би била околу 310.000, и тоа за власта е доволна бројка па затоа не набавувале руска вакцина, затоа што ако набавеле ќе ни било премногу.

Македонскиот премиер Зоран Заев нагласи дека државава нема игнорантски однос кон руската вакцина „Спутник V“ во борбата со ковид-19.

– Не ја игнорираме руската вакцина. Ако имате предвид дека сте потпишале договор со КОВАКС и со „Фајзер“ и дека имаме договор со Кина, ќе сфатите дека ако склучиме договор и со Русија, можно е да добиеме повеќе дози одошто ни се потребни, рече Заев на денешната прес-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This