ЗАЕВ: Апсолутно не го спасив Ахмети, доказите се живи и здрави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту во еден момент не се разгледувала можноста некој да се спаси, или да се оцрни, изјави премиерот, Зоран Заев, во врска со Предлог законот за Јавно обвинителство, кој ќе ја одреди позицијата на СЈО во иднина.

На новинарско прашање дали со овој предлог закон го спасил неговиот коалициски партнер, Али Ахмети, со тоа што боMбите нема да се користат како докази во новите предмети на СЈО, Заев негираше.

-Апсолутно не. Јас го читав законот, сите процеси за кои постојат докази продолжуваат како процеси и нема дилема за тоа. Доказите се живи и здрави и тие постојат, не може никој да го сокрие или уништи – рече Заев додавајќи дека „бо мбите“ ќе бидат само индиции.

Премиерот додаде дека СЈО ќе ја задржи финансиската незавиност и дека ќе гони висока коpупција против власта. Тој очекува зад Законот да застанат сите политички партии, како што беше и во случајот со изгласувањето на Законот за СЈО.

Заев прецизираше дека употребата на „бомбите“ се ограничува за предмети поднесени до 30 јуни 2017 година. Тој нагласи дека ова не е новина, туку дека е ограничено со Законот за СЈО.

-Законот вели разговорите да не се користат по 30 јуни 2017. Тоа е дел од Договорот од Пржино, член 22 од Законот за СЈО. Јас сум го преговарал тој Договор и го кажувам тоа јасно. Целта на тој член беше да можеше ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на Законот. Една од клаузлите беше 18 месеци и тоа беше така. Уште тогаш имавме слични коментари – рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This