ЗАЕВ БАРА НАЧИН КАКО ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД ,,ПОТКУП“: Едно евро за Вицето и едно евро за црквата“се уште актуелен предмет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатскиот тим на струмичкиот градоначалник Зоран Заев продолжува да бара изговори како да го блокира случајот „Поткуп“ и да не одговара по обвинението.

zaev-0sud-360x203

Изнудувањето на пари од струмички бизнисмени по принципот “едно евро за Вицето и едно евро за црквата“ е се уште актуелен предмет , благодарение на тоа што СЈО нема ингеренции врз овој вид на криминал за кој е обвинет Зоран Заев и не може да го аболицира.

Адвокатскиот тим на Заев на денешното рочиште во Кривичниот суд повторно побара изземање на обвинителот Владимир Милошевски посочувајќи дека нему му истекол мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Милошевски рече дека кривичниот предмет го застапува Обвинителството, а со оглед на тоа дека му е доделен нему, може да го застапува, а сè друго е интерна работа на Јавното обвинителство.

По ова, судијката Дијана Груевска-Илиевска даде пауза за Судскиот совет да одлучи за барањето за изземање на Милошевски од случајот. По паузата, во Судот се појави обвинителот Златко Биковски за да го замени Милошевски, но адвокатскиот тим побара и негово изземање поради тоа што, како што наведе, “бил дел од злосторничко здружување кое монтирало политички процес против Заев“.

Претходните рочишта струмичкиот градоначалник изнаоѓаше стотици причини само за да ја одложи и избегне правдата. Најголем скандал беше последното кога прво излажа дека имал средба со италијанскиот амбасадор, по што стигна демант од италијанската Амбасада.

По неколку дена лаги кои беа измислени од СДСМ, конечно се утврди дека Заев имал средба со Столе Витанов од Струмица, кој воопшто и не е вработен и акредитиран во Амбасадата.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This