ЗАЕВ БАРА ПРАВДА ЗА „СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО“: Откако ги ослободи осудените убијци, сега бара „расчистување на случајот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правосудните инстанци треба да ја донесат и вистината и правдата поврзани со случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро и јавноста да ги знае сите детали, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Кривичниот суд по завршувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“.

Посочи дека континуирано има средби со членови на семејствата на децата кои беа убиени на денешен ден пред шест години кај Смилковско езеро. Премиерот рече дека пред околу два месеци се видел со дел од родителите, мајките на децата и сите, како што додаде, сме согласни дека сега треба да се остави на правосудните инстанци да ја донесат и вистината и правдата поврзани со овој случај.

– Случаите за кои е посебно заинтересирана јавноста, како што е Никола Младенов, Смилковско езеро, кумановските настани, имаат дополнителна причина јавноста да ги знае сите детали, комплетната вистина и Македонија да дочека правда онака како што е согласно Уставот и законот. Ако сакаме да бидеме држава, а ако не, тогаш остануваат интригите, шпекулациите и паѓа довербата во институциите. Само преку комплетна вистина и преку комплетна правда може граѓаните да веруваат во институциите на системот, нагласи Заев.

Тој посочи дека досега ниту алудирал, ниту треба некој политичар да алудира за да биде обвинител, истражител или судија.

– Наша должност беше да ги дадеме оние коментари кои како граѓани ги чувствуваме, а должноста беше да ги предадам материјалите на истражните органи кои тоа го прават. Само тие може да кажат до каде е истрагата, во кој правец се истражува, какви докази се обезбедени, дали тие докази потврдуваат дело или потврдуваат во некој друг правец. Секој мој дополнителен коментар е навистина прво мешање во правосудството. И таму не е моја работа. На тие вредности мораме сите да бидеме подготвени и да внимаваме до делот на нашето однесување затоа што во тек се реформи во правосудството. Реформите ќе значат добро законодавство, веројатно и старт на добра имплементација на тоа законодавство, рече Заев во изјава за медиумите пред Кривичниот суд.

На денешен ден пред шест години кај Смилковското езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.(МИА)

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This