Заев бил „претходница“ на настанот со „швepцepите“: Навивачите влегле во МНТ со дозвола на Артан Груби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Искинат тапацир на столчињата во Македонскиот народен театар (МНТ) и откорнати орнаменти од ѕидовите е штетата по присуството на навивачката група Шверцери на Фудбалскиот клуб Шкупи, на петочната прослава на 22 Ноември – Денот на албанската азбука. Директорката на најголемиот театар во државава, Симона Угриновска, ни рече дека во моментов е во консултација со Владата и со правниците и случајот во текот на денот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи (МВР), пренесува СДК.

„Прославата беше во организација на Владата, и ми беше кажано дека ќе има два настана. За првиот официјален дел, свечената академија, на кој присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бев во координација со портпаролот на Владата Мухамед Хоџа. За вториот настан, координатор беше Артан Груби и тој ми кажа дека ќе има само проекција на документарен филм за 30 години постоење на Шверцери“, вели Угриновска за САКАМДАКАЖАМ.МК. Груби е пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This