ЗАЕВ БЛАГОДАРЕН ЗА НОМИНАЦИЈАТА: Но Нобеловата награда заслужено ја добива премиерот на Етиопија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев преку „Фејсбук“ упати искрени и најсрдечни честитки за, како што вели, добивањето на најпрестижната награда, Нобеловата награда за мир, за премиерот на Етиопија, Аби Ахмед.

Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20 годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја и е инспирација за сите, вели во објавата македонскиот премиер.

Искрени и најсрдечни честитки за добивањето на најпрестижната награда – Нобеловата награда за мир, за премиерот на…

Posted by Zoran Zaev on Friday, October 11, 2019

 

Тој исто така нагласува дека е благодарен на добитничката на Нобеловата награда за мир, Уидед Бушамауи, која заедно со ФОН Универзитет ги номинирале со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, за годинешната Нобелова награда за мир.

Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво. Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот, стои во пораката на Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This