March 29, 2024, 12:41 pm

ЗАЕВ: Блиску сме до решение за името. „Илинденска Македонија“ за жал не помина во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Блиску сме до можно решение на овој процес, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за разговорите за името на седницата за пратенички прашања.

– Според мене, блиску сме до можно решение на овој процес и верувам дека треба да бидеме внимателни до самиот крај. Јас се трудам да информирам комплетно се до таму до каде не би го загрозил процесот.
Верувам дека тоа го прави и грчката страна. Вчера дадов дел информациите.  Се трудиме навиистина да привршиме во соодветен момент за тоа да влијае на Советот на ЕУ, на 28 и на 29 јуни, а секако и на автоматската покана за НАТО, рече премиерот.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот зошто беше одбиен предлогот Република Илинденска Македонија, дали е точно дека Владата во разговорите прифатила ерга омнес за кој било предлог во иднина и дали има гаранција дека доколку прифатиме промена на името дека ќе добиеме датум за преговори.

– За да го соопштиме дома решението Република Илинденска Македонија прво јас и премиерот Ципрас заклучивме дека ова е вредно да го провериме дома. Значи до толку сме биле усогласени да можеме да влеземе дома и тоа да го провериме. За жал не помина во Грција, но за жал беше одбиена и овде од опозицијата, рече Заев пред пратениците.

Повтори дека оваа тема ги гарантира нашите интеграции во НАТО и ЕУ, и оти ја гарантира иднината на РМ.

Шансите се огромни Македонија да добие датум за преговори доколку прашањето за името е затворено, посочи премиерот.

– Апсолутно е повеќе од јасно дека поголеми се шансите на Македонија односно се огромни до целосно добивање на датум за преговори ако е решен проблемот со името, отколку самите шанси што ги имаме без решен проблем на името, истакна Заев.

Македонија има безусловна препорака и заслужува да добие датум за преговори, не само заради оваа година. Од 2005 година, како што посочи премиерот, работено е многу и голем дел од нашето законодавство е веќе адаптирано.

– Ако добиеме датум за преговори имаме шанса да излеземе напред и пред Србија и пред Црна Гора, заради тоа што во минатото е се сработено. Но, знаете дека во одлучувањето има и политики, рече премиерот додавајќи оти верува дека треба да направиме напори да најдеме решение за проблемот со името за да можеме имаме зголемени шанси за добивање и датум за преговори.

Кузмановска исто така го праша премиерот и за оценката на реформите во неформалниот документ што се појави во јавноста неодамна. Заев кажа дека во Владата документот бил познат три недели пред Самитот за Западен Балкан во Софија и оти веќе е познато дека Франција и Холандија се „поприлично резервирани за проширување на ЕУ и тоа го аргументираат дека Европа мора да се реформира внатре за да биде навистина достојно атрактивно место за земјите кои што се аспиранти за полноправно членство“ меѓу кои е и РМ.

Европа ќе троши пари, време и енергија да го смирува Балканот доколку граѓаните се демотивирани во однос на влезот во ЕУ.

– И од тој аспект не е добро Балканот повторно да се врати на минатото кога постојано беше под закана на етнички поделби, на притисоци, војни, конфликти или слично. Подобро да остане мотивацијата и верувам дека во тој сегмент поприлично сме разбрани, рече македонскиот премиер.

Посочи дека една од можностите е земјите како Франција и Холандија да ги оставиме без аргументи на Самитот на ЕУ со решението за името.

– Можеби нема да ги одврати, но верувам дека може да ги охрабри, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This