ЗАЕВ ВЕРУВАЛ ВО ЧУДА: Се надева дека ќе се изнедри двотретинско мнозинство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од владејачкото мнозинство и денеска ја повикаа опозицијата да гласа во законодавниот дом, а премиерот Заев вели дека очекува до утре да се обезбеди 2/3 мнозинство со кое ќе започне постапката за уставни измени.

-Јас сум верник човек и верувам во чуда!

Со слична порака, од законодавниот дом и пратениците од редовите на СДСМ. Велат дека очекуваат поддршка од опозицијата, во спротивно, ќе се оди на брзи избори.

Од ДУИ пак велат дека избори не се решение. Од таму очекуваат дека сите 120 пратеници ќе гласаат за уставните измени. Сепак, пратеникот од ДУИ Артан Груби, без прецизен одговор, дали очекува да се обезбеди 2/3 мнозинство.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утринава се огласија преку соопштение, во кое велат дека дебатата за уставните измени е непродуктивна, а тие остануваат на ставот дека нема да гласаат за измените.

-Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно – политички мртов. јаловата дебата која што се води во собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This