ЗАЕВ ВО БИТОЛСКО КРАВАРИ ПРЕЧЕКАН СО ТРАНСПАРЕНТ: Кики не пие нафта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска во битолско Кравари беше пречекан со транспарент: „Кики не пие нафта“!

Тој во ова битолско село присуствува по повод доделувањето на првите персонализирани картички за покривање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација односно тн. зелена нафта.

Поради тоа, граѓани му испратија порака дека „Кики не пие нафта“.

Алузиjaта на пораката од транспарентот е јасна, се однесува на peкетарските афepи и приkpивањето на лица од власта кои се вмешани во истите.

Од најголемата житница во нашата земја, од Пелагонија, го промовираме почетокот на реализацијата на мерката за поевтино гориво за земјоделската механизација. За мерката од Програмата за директни плаќања обезбедивме 200 милиони денари. Толку пари ќе се вратат назад кај земјоделците. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци кои имаат градинарски и поледелски култури, лозови и овошни насади. Државата ќе покрие 30 проценти од трошоците за нафта за механизацијата, рече денеска Заев.

Заев, во битолското село Кравари, придружуван од министерот за земјоделство Трајан Димковски, ги подели првите картички за „зелена нафта“ на земјоделци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This