Заев во Владичин Хан: Kога се работи вредно и посветено, резултатите се евидентни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи, се радуваме за пријателска Србија и нашиот пријателски српски народ, изјави македонскиот премиер Зоран Заев денеска на свеченоста во Владичин Хан организирана по повод пуштањето на автопатот.

Вели дека сега кога гледа како изгледа ова автопатско решение, честитките добиваат уште поголемо значење.

„Така е кога се работи вредно и посветено, резултатите се евидентни. Сега граѓаните на двете земји имаат автопатско решение. Сега од Скопје до Белград ќе се патува за четири часа. Намалувањето на физичката дистанца е соодветна на пријателството и блискоста меѓу нашите народи што ја носат длабоко во своите срца. Коридорот 10 сега го личи, вистинска европска вредност на поврзување и комуникација. Ја носиме Европа овде на Балканот“- рече Заев.

Освен српскиот претседател Александар Вичиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктира Зорана Михајловиќ, присуствуваа и Милорад Додик од Република Српска, како и дипломатскиот кор во Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This